ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јанески: ЈКП Водовод и Канализација Прилеп води успешна битка за справување со кризата за вода

640

Прилеп е град, каде што, при неповолни хидрометеоролошки услови, суша, прво на удар е водоснабдувањето. Веќе подолг период издашноста на изворот Студенчица константно се намалува, а последниве денови е многу ниска , што резултира со потешкотии во водоснабдувањето на високите зони, (Варош, Тризла, Рид) во градот. Во овој момент издашноста на изворот Студенчица, кој што е основен извор за водоснабдување на градот изнесува 510 литри во секунда, рече на денешната прес конференција Емил Јанески, директор на ЈКП Водовод и Канализација, кој го спореди податокот со регистрираната најниска издашност на Студенчица од 490 литри во секунда.

– Генерално градот ни е поделен во две зони. Ниска зона, во која што живеаат 65 -66 % од населението, централното подрачје и урбаните заедници околу центарот, каде што има повеќе можности за водоснабдување: собираме вода во коморите од Студенчица, од бунарските постројки, и проблем нема во ниската зона. Најчесто се јавува проблемот во високата зона Варош, горниот дел од Точила, Тризла и Рид. Особено минатата недела имавме проблеми со овие населби, и јас им се извинувам на граѓаните, зашто немаа доволно вода да ги подмират своите потреби. За прв пат од постоењето на ЈКПВиК успеавме да најдаме начин преку водоводната линија Точила да доставиме вода до стариот резервоар, лоциран блиску до пречистителната станица, чија што намена беше во услови на дополнителна вода во езерото, ќе се третира и да се складира во резервоарот. Преку препумпна станица носевме вода до таму и ја импутиравме во кружна цевка Ф 400 до високата зона. На овој начин се стабилизира водоснабдувањето и во овој момент и секое домаќинство има доволни количини вода. Овој начин верувам дека е добар за да се обезбедува вода во вакви кризни периоди, рече Јанески.

Јавното претпријатие води секојдневна битка да ги задоволи потребите од вода за сите корисници.Потребата од вода варира во текот на неделата, потенцираше Јанески на прес конференцијата апелирајќи на совесно користење на водата, бидејќи нема најави за подобрување на хидрометеоролошката состојба. Од Водовод уверуваат дека водата е здрава и чиста за употреба, иако најголемите количини во моментов се обезбедуваат од сопствените извори – трите бунарски постројки.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: