ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Медена земја“ во Прилеп

598

Од денска , петок ,  до 22 – ри октомври во кино Мис Стон (четврток – вторник) , од 20.00 часот ќе се прикажува филмот „Медена земја“.

 „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ е најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава, триумфрираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“. Филмот  е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трката за најдобар документарец на Европските филмски награди.

Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси.

 

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата. Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!- е  наравоучението на филмот

Познатата актерка Сара Џесика Паркер на својот инстаграм профил напиша: „Медена земја“ е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска, а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“
Холивудската актерка истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!

Филмот освен во кино салите низ Македонија, деновиве се прикажува и во САД, Велика Британија и Ирска

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: