ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јанески: Редукции нема, доколку водата рационално се користи

451

По енормното намалување на издашноста на Студенчица екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ постојано се на терен за нормализирање на водоснабдувањето. Вкупната произведена количина на вода денеска е 326л/с, од кои 245л/с од Студенчица, 60л/с од бунари и 21л/с сопствени извори. Употребени се сите три бунарски постројки и ставени се во функција коморите за складирање вода со единствена цел да нема прекини и рестрикции во водоснабдувањето во Прилеп, вели директорот на ЈКП ВиК Емил Јанески.

– Издашноста на изворот Студенчица, во моментов е под 600 литри во секунда. Од тие причини ја подигнавме мобилноста на претпријатието на највисоко можно ниво. Последниве неколку денови, вклучувајќи го и петокот постојано бевме на терен, вршевме манипулација на вентилите заради пренасочување на водата да стигне до сите наши граѓани, до секој дел од градот. Ги штелуваме регулаторите за притисок, навечер собираме вода во коморите, ги ставивме во функција бунарските постројки: Кишовица – Орушица, а во овој момент ја приклучуваме Бегова Ливада, во исто време правиме подготовки за приклучување на бунарската постројка Кошарка.
Можам само да дадам збор дека и во наредниве денови екипите на ЈКП Водовод и Канализација постојано ќе бидат на терен со цел во секое домаќинство да доставиме доволно количества на вода, рече Јанески на средбата со новинарите.

Тој уверува дека јавното комунално претпријатие стои во целост на задачата, но упатува апел до граѓаните да се користи рационално водата во овие моменти кога реално намалена е издашноста на изворите Студенчица. Да се избегнува наводнувањето, миењето на дворовите, разладувањето со вода итн.
Градот Прилеп има потреба од 400 литри во секунда. Сега засега нема најави за редукција, вели Јанески, но ако се задржат високите температури и и натаму паѓа издашноста на Студенчица, претпријатието ќе се соочува со поголеми проблеми, но не со редукции, зашто како што вели тој,најважно е водата рационално и совесно да се користи.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: