ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ослободување од надомест на услуги од ЈКП „Комуналец“ за семејства погодени од кризата

644

На иницијатива на Советот на Општина Прилеп, Управниот одбор при ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп , донесе одлука за  ослободување од плаќање на надоместокот за подигање на отпад,  за месеците април и мај , на корисници на услугите, од ЈП Комуналец, погодени од кризата настаната со Ковид 19:

– самохраните родители со минимални примања;

– и корисници на социјална помош (минимална парична помош)

Овие семејства, доколку сакаат да бидат ослободени од надоместокот, треба најдоцна до 15.05.2020 година, до Одделенито за премер и контрола во седиштето на ,, Комуналец,, да достават

– Барање за ослободување од плаќање;
– Потврда од корисник на социјална помош издадена од Центарот за социјални работи- Прилеп;
– Сметката да гласи на име на корисникот и да е платена заклучно со 12 месец 2019 година;
– Фотокопија од лична карта или патна исправа;

 

Се ослободуваат од плаќање на надоместокот за собирање на отпад и сопствениците на дуќани и самостојните занаетчии кои работат во Старата чаршија. Документи кои тие треба да ги достават најдоцна до 05.05 2020 г се:

-Барање за ослободување од плаќање;
-Претходно исплатен заостанат долг заклучно со 12 месец 2019 година;
-Потврда од тековна состојба не постара од 6 месеци;
-Фотокопија од ЛК или патна исправа за самостојните занаетчии.

Барањето по двата основи можат да се подигнат од ,, Комуналец, или да се симнат од ВЕБ страната: www.komunalecprilep.com.mk. Не навремено и не комплетни доставени документи Комунаелц нема да ги разгледува.

Воедно, се информираат правните субјекти корисници на услугите од ,,Комуналец,, дека од месец мај, фактурата за услугата подигање на отпад ќе се доставува со електронска пошта. Сите правни субјекти кои немаат официјален е-мајл во Централен регистар, да достават нивна е-мајл адреса на официјалните мејлови од Комуналец: [email protected] или [email protected].
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: