ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Апел на ЈКП Водовод и канализација до граѓаните да не ги крадат капаците од шахтите

433
По објавата на нашата сторија за отворените шахти низ прилепските улици под наслов  „НАД 20 ОТВОРЕНИ ШАХТИ НИЗ ПРИЛЕПСКИТЕ УЛИЦИ ПОРАДИ УКРАДЕНИ КАПАЦИ – ПОТЕНЦИЈАЛНА ОПАСНОСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ И ПЕШАЦИТЕ„ 
Апел денеска  до граѓаните на Општина Прилеп упати  ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп во кое се вели „Во последниот период од два-три месеци се соочуваме со сериозен проблем од кражба на сливни решетки од канализационата мрежа. Оваа појава предизвикува проблем во тековното функционирање на канализационата мрежа, а воедно и потенцијална опасност за граѓаните од отворените шахти. Согласно надлежностите на МВР на РСМ-ОВР Прилеп, исто така упатено е барање за постапување.
Затоа ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп упатува апел и до граѓаните за совесно однесување кон инфраструктурата која служи на сите граѓани во Општина Прилеп. Со надеж за разбирање, се надеваме дека проблемот ќе биде сфатен сериозно и во иднина нема да се соочуваме со истиот.„- се вели во соопштението уатен до јавноста кое го добивме денеска .
Само во месец февруари оваа година украдени се 21 шахти и сливници од  10 прилепски улица. А, ова се дело од фотографиите кои го објавивме .
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: