ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јованоски: 2022 год ќе се гради гасификационата мрежа во Прилеп

548

Примарната гасификација во Пелагонискиот регион на потегот Прилеп – Битола е во тек, а треба да биде завршена до крајот на оваа година и спрема проектот на Владата во 2022 гдоина треба да се прави секундарната гасификациона мрежа во сите градови во државата.

„На Прилеп, според проектот, му требаат 20 км мрежа. Идејниот проект и проектот за инфрструкутура е направен. До крајот на април ќе го имаме и основниот проект за гасификацијата. Проблемот само беше дали секундарната мрежа за гасификација ќе ја прави секоја општина посебно или тоа ќе ја прави државата за сите општини. Ние, сакавме пред Нова Година да знаеме точно дали треба самите да ја правиме таа секундарна гасификациона мрежа, да издвоиме средства во Буџетот, за оваа година. Ни беше кажано да не издвојуваме средства, тоа најверојатно ќе го прави државата и јас се надевам дека во текот на оваа година ќе избери изведувач за правење на секундарната гасификациона мрежа низ сите градови во државата“ – истакна градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, пред новинарите при денешната посета на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: