ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Какви мерки спроведува Прилеп за здрава животната средина?!

654

Општина Прилеп од Министерството за животна средина има добиено околу 9,5 милиони денари за енергетска ефикасност за повеќе објекти. Направена е котлара во СОУ „Мирче Ацев„ со над 5 милиони денари , а добиени се и средства за 13 инвертор системи за во СОУ „Орде Чопела“ и “Ѓорче Петров“, како и за во детската  градинка „Наша иднина“.  За енергетска ефикасност општината добила и 3,5 милиони денари, за промена на дограмата  и столаријата во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“, и во некој од детските градинки.

„Внесовме и седум прочистувачи на воздух во детските градинки во Прилеп. Во минатата година ги пуштивме во употреба и 4 – те автобуси на метан,  се со цел подобра животна средина за нашите граѓани. А,  за оваа година Советот на Општина Прилеп предвиде од Буџетот 6 милиони денари за субвенционирање, 4 милиони денари за инвертер системи за 400 семејства , каде општината би субвенционирала по 10 илијади ден. за едно семејство и 2 милиони денари субвенции за набавка на велосипеди. Во тек е само одредувањето на критериумите, како ќе се делат тие средства“ – рече градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, при денешната средба со Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули ја пофали опшината како една од ретките која има донесено програма за енергетска ефикасност.

„Пракатично, тоа е делот на Владата која ги поддржува општините во нивните проекти и заложби за чист воздух. Овие активности штедат пари на граѓаните, но и штедат ПМ емисии во воздухот. Сите податоци покажуваат дека вложувањето во енергетската ефикасност покажуваат заштеди од 25%  до 30 % .  Следен приоритет за спроведување на енергетски ефикасен систем е во музичкото училиште во Прилеп “- изјави Макрадули

Тој истакна дека нема друг начин како да се државата да се справува со аерозагадувањето, освен со елиминирање на изворите на загадување  и дека до 2024 година Владата се обврзува да нема ниту еден објект од јавен карактер кој би вршел загадување на животната средина .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: