ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јовчески: Општината ќе помогне со привремено сместување и максимална финансиска помош на семејствата чии што куќи изгореа во пожарот

848

Градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, рано утринава ги посетил семејствата на ул. Кузман Шапкарев во Прилеп, чии што куќи беа пеплосани во пожарот ноќеска од удар од гром. Локалната самоуправа заедно со јавните комунални претпријатија и бизнис секторот ќе помогне за ублажување на големата несреќа, посочува Јовчески:

Рано утрово ги посетив семејствата и сочуствувам со нивната трагедија. Четири семејства останаа без покрив на главата, кога за неполн час од удар на гром изгореа нивните семејни куќи. И покрај навремената интервенција на противпожарната единица Прилеп, куќите изгореа до темел, но за среќа избегната е најголемата трагедија, нема човечки жртви.

Веднаш утрово повикав итна средба со сите релевантни структури и претставници на институции со цел да им излеземе во пресрет на овие семејства на кои им се случи оваа трагедија и се она што го печалеле цел живот го снема за миг.

Јавните комунални претпријатија уште во раните утрински часови со свои екипи се присутни на терен и ги расчистуваат остатоците од опожарените куќи. Овие семејства ќе бидат ослободени од комунални давачки додека се обновуваат нивните куќи а Општината ќе помогни со максималната можна финансиска помош предвидена за вакви немили случки. На семејствата ќе им биде понудено привремено сместување во Прилепскиот интернат и во Старскиот дом и ќе добиваат топол оброк од кујната на Старскиот дом. Во оваа прилика сакам да упатам апел до сите општествено одговорни компании како и сите хумани луѓе, да им излезат во пресрет и да им помогнат на овие семејства да си ги обноват своите домови, затоа што секоја помош е добредојдена, истакна градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески.

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: