ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како да ги зачуваме старите занаети во Прилеп?

987

Изложба, промоција на монографија и трибина како серијал со единствена цел да се сврти вниманието на јавноста за старите занаети во Прилеп, душата на старата чаршија и срцето на градот. Во време кога бизнисите, индустријализацијата, ги заменуваат занаетите, што пак се прекупотребни во секој сегмент од животот, вредно е да се напомене дека младите при изборот на професијата треба да имаат во вид дека одредени занаети никогаш не изумираат: фризери, козметичари, лимари, пекари, слаткари…

Стручните училишта имаат интересна понуда за средношколците, кои што пак веднаш по завршувањето на училиштето можат да се вклучат на пазарот и да понудат што знаат од својата област со поддршка на државата, беше речено на денешната трибина.
– Целта е заедно да проговориме заедно, што значат старите занаети во Прилеп, нивната улога во нашата чаршија, колку треба да ја зачуваме, но во исто времеЗанаетчиската комора, професорите да ја пренесат пораката на новите млади генерации дека во постоечките занаети во чаршијата може да ја најдат својата иднина. Ова, бидејќи постои можност дел од практичната настава на средношколците да се обавува и во дуќаните и во работилниците на нашите занаетчии, рече Моника Талеска, автор на монографијата „Старите занаети во Прилеп“ која што неодамна беше промовирана со поддршка на Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ и Општина Прилеп.
Младите средношколци да не заминуваат од нашата земја, најпрво да ги пробаат шансите и можностите нашата средина и градот и занаетчии, да ја најдат тука својата професионална реализација. Што има да понуди Занаетчиската комора од Прилеп?
– Во новиот закон на занаетчиство се понудени многу можности и во формалното и во неформалното образование. Понудени се одредби во законот со кои ќе може во пракса заинтересираните да го доловат низ работа она, што треба профестинално подоцна да го практикуваат. Младите да не го исклучат занаетчиството како опција, зашто може солидно да се работи и да се живее стабилен живот. Во сите области ни недостигаат едуцирани занаетчии, што е поттик за генерациите да размислат што во иднина, вели Кирил Трпчески, претседател на Регионалната занаетчиска комора во Прилеп.
Занаетчиството треба да се долови во приказна, вели Александар Цветкоски, етнолог и кустос.
– Порано било гордост да си занаетчија, момите барале момчиња со 3 занаети, ако еден не оди, вториот сигурно, третиот не може да промаши.Но, восоцијализмот тој пиетет кој што го имале занаетитее изгубен, зашто тогаш им велеа на децата: „учи сине, за да не мораш да работиш“. Од деведесеттите години сите станаа бизнисмени, а многумина од нив не знаат дека се занаетчии. Занаетите си го најдуваат своето место, бидејќи не е возможно да се заврши одредена работа без занает. Приказната е тука, зашто времињата се менуваат но, занаетите се секогаш потребни додека има верба во нешто, а тоа треба да се плати. Новите занаети си го најдуваат своето место, а на старите треба малку да им се помогне, а најмногу им се помага ако им се направи приказна. Ние имаме занаети, но нам ни недостигаат приказните, кои се загубиле во последните 70 – 80 години. Штом луѓето веруваат, тогаш можете да им наплатите и тука одговорот на прашањето како занаетите да се прилагодат и да се оспособат за 21 век, вели Цветкоски.
Едукацијата на младите кадри е многу важен сегмент во процесот на зачувување и оживување на занаетчиство. Тука се стручните училишта, секое со своите профилирани насоки.
– Учениците, по завршувањето на средното стручно образование добиваат теоретски и практични знаења кои се најпотребни за продолжување во професионалната ориентација. Се отвораат големи можности за самовработување или за отворање на сопствен бизнис, што е основа за економскиот развој на градот.Ние како средно стручно училиште од прехранбената сфера имаме голема соработка со бизнис секторот во градот за дел од практичната настава да се изведува во компаниите. Се реализира феријалната пракса, или практичната настава, а во нашето училиште се нудат и можности за неформално образование, вели Татјана Тасевска од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп.
Поголемата вклученост на младите во изборот на идните професионалните стручни профили, барани на пазарот на трудот, ќе го реши проблемот на недостиг на работна сила. Во најголем дел се тоа занаети што пак само треба да се приспособат на модерните потреби на потрошувачите и клиентите, со нови современи алатки.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: