CSS Template

Жените земјоделки имаат потреба од економска сигурност – Светски ден на руралната жена

284

 

Интервју со Даниела Цветаноска од здружението за рурален развој Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР  – Кривогаштани-  Проектот медиумски поддржан од Радио Пела 

      Македонските жени- земјоделки, денеска го прославуваат Меѓународниот ден на руралната жена. Според светските статистики, руралните жени сочинуваат повеќе од една четртина од вкупното светско население. И, покрај ваквите податоци, македонската рурална жена сеуште не е доволно застапена во земјоделските здруженија, во бизнисот и во донесувањето одлуки за развој на земјоделството.
Денеска македонските рурални жени испратија порака, дека жените земјоделки имаат потреба од економска сигурност и општествено признание.

Здружението за рурален развој Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР во соработка со Општина Прилеп  го поттикна одбележување на Меѓународниот ден на руралната жена, 15-ти октомври,во Пелагонија.Тоа е повод да разговараме со Даниела Цветаноска од здружението за рурален развој Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР

    Радио Пела :  Имате ли податок, колку проценит од жените во Пелагонискиот регион се занимаваат со земјоделије и дали тие се вклучени во одлучувањето во смејството и опшеството?

Даниела Цветаноска (Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР):            Нема точни податоци за вклученост на жените кои се заминаваат со земјоделие и колку се вклучени во пример, изградба на земјоделски комбинати. Според пописот на земјоделство, спроведен во 2007 г. има вкупно 192.675 индивидуални земјоделски претпријатија, кои во основа ги вклучуваат семејните фарми. Вкупно 471.069 члена на домаќинства работат на индивидуални земјоделски претпријатија. Од овие, 202.325 се жени, со што стапката на учество на жените е речиси 42.8%. Сепак, ова е само просечна стапка за жените што се вклучени во земјоделските активности. Жените имаат повисока стапка на учество во групите кои се однесуваат на продуктивната возраст меѓу 35 и 64 години. Овие групи заедно сочинуваат речиси 60% од вкупната женска работна сила во земјоделскиот сектор или 25% од вкупната работна сила во секторот (мажи и жени).

Вкупната бројка на вработени вклучува 54.349 неплатени семејни работници – и жените претставуваат речиси 60% (38.403). Истовремено, голем дел од неплатените семејни работници работат во земјоделството, (55.712 или речиси 87%). И покрај тоа што на ова ниво родово поделените податоци не се наведени (на пр. колкав дел од семејните работници во земјоделството се жени) може да се претпостави дека соодносот би бил или ист или сличен. Ова покажува дека доколку 43.786 жени работат во земјоделството, значителен дел од нив всушност работат како неплатени семејни работници.

Радио  Пела: Која е целта на кампањата- светската кампања – 17 дена активизам за зајакнување на руралната жена,
 Како  се одбележува денот на руралната жена?

Даниела Цветаноска (Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР):          Меѓународен ден на руралните жени и15 – ти октомври е можност да се слави денот на руралните жени кои играат клучна улога во руралните области за зајакнување на земјоделскиот развој, градење на отпорност на климата, соочување со недостиг и несигурност на храна. Целта е да се истакне потребата од економско јакнење на руралната жена, нејзино поголемо инволвирање во креирањето на земјоделските политики, како и заедничката борба против дискриминацијата и традиционалните бариери кои најмногу прават проблем во едукацијата и развојот на руралните жени. Денот на руралната жена годинава е под мотото „ предизвиците на жените од руралните средини и можностите за приспособување на локалните и националните политики за вклучување на жените од руралните средини во клучните процеси на одлучување

Со одбележувањето на овој ден, општина Прилеп и ние, ЛАГ Агро Лидер се вклучуваме во активностите на светската кампања – 17 дена активизам за зајакнување на руралната жена, со цел да го поддржиме движењето за зајакнување на руралните жени и нивните заедници, кој исто така е поддржан и од Обединетите Нации. Одржавме конференција за предизвиците со кои се соочуваат жените од руралните средини и можностите за приспособување на локалните и националните политики за вклучување на жените од руралните средини во клучните процеси на одлучување,а во 12 часот во просторот околу Саат Кулата во Прилеп организиравме  Саем на земјоделски производи на кој се изложени примарни и секундарни земјоделски производи подготвени од вештите раце на жените од руралните средини. Саемот е организиран со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

 

 

Радио Пела :Што значи зајакнување на руралната жена? Какви се Вашите искуства како невладина организација која го третира руралниот развој ?

Даниела Цветаноска: Зајакнувањето на руралните жени значи подобрување на економската и социјалната положба на жените во руралните средини преку зајакнување на ефективноста и влијанието на националните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, креирање и промовирање на мерки за зголемување на можностите за вработување од руралните средини, креирање на мерки за признавање за признавање на неплатениот труд на жените за грижа на семејството и друго.

Жените од руралните средини се невидливи и заборавени од страна на државата. Социјалната исклученост, невработеноста, родовата дискриминација, нееднаквата распределба на ресурси, доминација на традиционалните норми, не остварување на правото за сопственост на земјоделски имот и породилно отсуство, ограничен пристап до едукација, информација, здравствени и социјални услуги. Ова се проблемите кои што ние ги имаме идентификувано и кои ги третираме и во иднина ќе продолжиме.

 

Радио Пела: Каква е Макдонската рурална жена денес? Може ли таа да гради свој бизнис или потешко,кога е во прашање машкот пол и дали може рамноправно да донесува одлуки за семејството и подобар развој во земјоделијето? Што велат вашите искуства, среќавајќи се со руралната жена при реализирањето на Вашите проекти?

 

 

 

 

 

 

 

Даниела Цветаноска: Жените од руралните средини се во многу тешка ситуација и често спаѓаат меѓу најсиромашната популација, нивниот труд е ниско вреднуван, вклучително и трудот во семејното домаќинство, семејните обврски и работата на семејниот земјоделски имот. Во овие домаќинства, најчесто приходите за семејството ги остварува мажот, кој традиционално е сопственик на целиот имот, што ги прави жените целосно зависни од машките членови на семејството. Голем дел од жените кои живеат во руралните области не се вработени и не се во можност да отоворат свој бизнис, а за тоа во голем дел придонесува нискиот степен на образование, што најчесто е резултат на патријахално уредување во руралните средини. Доминантно изразените патријархални вредности и традиционалната поделба на родовите улоги уште повеќе влијаат врз позицијата на руралната жена, како во семејството, така и во општеството.Досега има подобрувања од страна на Владата и МЗШВ, но тоа не е доволно. Владата треба да воспостави сет на економски мерки за зголемување на можностите за вработување на жените во руралните средини и олеснувања при отворање на сопствен бизнис, мерки со кои ќе се препознае неплатениот труд на жените за грижа за семејството и земјоделската работа, решавање на проблемот со руралните жени кои не ги исполнуваат условите за пензија  да го остварат ова право, како и отстранување на пречките за остварување на правото на породилно отсуство кај регистрираните земјоделки.

 

Радио Пела: Ретки се здруженијата кои помагаат во руралниот развој? Колку Вие како невладина организација придонесувате за поттикнување на руралната жена во нејзиното вклучување, во новите можности кои ги нуди земјоделијето и земјоделските процеси?

Даниела Цветаноска :ЛАГ Агро Лидер досега има спроведено повеќе проекти кои ги таргетираат жените во руралните средини. За таа цел, најпрвин креиравме Акциони планови за женско претприемништво во општините Кривигоаштани, Долнени и Крушево. Постојаната диреткна работа на терен со жените од рруалните средини дава резултати, но потребно е вложување на многу труд и ресурси за тоа. ЛАГ Агро Лидер е дел од повеќе комисии во рамките на МЗШВ кои таргетираат подобрување на состојбата на руралните жени. Потребно е повеќе едукација, обуки, како и мотивирање на жените за поголемо вклучување.

Ние сме посветени во надминување на бариерите со кои се соочуваат жените од руралните средини. Се обидуваме да обезбедиме насоки за надминување на овие бариерите и понатаму ќе продолжиме да работиме на многу полиња, како креирање на работни можности, соработка со градоначалниците во руралните области за подобрување на животните услови, итн.

 

 


Vivafarm
Farma Dolneni