ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како ќе изгледа новиот спортско рекреативен комплекс кај вештачкото езеро Прилеп?

1.073

Започнаа активностите за уредување на просторот кај Вештачкото езеро на новиот спортско рекреативен комплекс. Градежните работи, како што најави градоначалникот Јованоски, треба да завршат за неколку месеци. Планирана е изведба на повеќе содржини кои опфаќаат уредување на пристапна улица, паркинг простор, пешачки и велосипедски патеки, 2 спортски игралишта за кошарка и одбојка и други содржини.

Од главниот пат до спортско-рекреативниот комплекс ќе се влегува преку пристапна улица долга 35 метри, паркинг за дваесетина моторни возила, а се градат и две пешачки патеки во должина од 750 метра.

-Овде ќе бидат организирани културни манифестации, забави и слични содржини. Најважен дел е мултимедијалниот простор, на кој ќе има 3 летниковци, 20 клупи, како и платформа каде ќе се одржуваат различни културни манифестации. Просторот ќе биде осветлен, ќе има 28 столбови на мултимедијалниот простор и уште 4 столбови на паркингот. На тој начин, граѓаните на Прилеп и туристите кои ќе го посетат комплексот ќе бидат задоволни од она што овој комплекс ќе го понуди во иднина“, истакна градоначалникот Јованоски.

Спортско рекреативниот центар кај вештачкото езеро ќе претставува зона на активен туризам.   Проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“ во износ од 850.000 евра, финансиран од ЕУ и сопствено учество на Општина Прилеп, е администриран од проектната канцеларија на Светска банка.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: