CSS Template

Ќе имаат ли Прилепчани повисоки сметки за вода идниот месец?!

Седница на Совет на Општина Прилеп-власта и опозицијата во дво часовна „битка„ за висината на сметките за вода!

373
Avtokontrol1

Преку терминологијата  „тарифа за утврдување на цената на водените услуги(вода за пиење и отпадни води)“  власта на редовната 9 –та седница на Советот на Општина Прилеп настоуваше да објасни дека нема повисоки сметки за вода ниту покачување на цената на вода за пиење, како што донесла одлука Регулаторната комисија , и дека цената на водата останува непроменета. Граѓание ќе плаќаат цена од 26,22 ден. за кубен метар потрошена вода, но се зголемува цената на тарифата за собирање на урабните отпадни води, која од 3 ден. сега ќе чини 5,28 денар за метар кубен .

Инаку,  Регулаторната комисија  која сега се грижи за цената на водата, утврдила повисоки цени за  водата за пиење ,односно максимална предложена изнесувла 33,34. Но, Општината ,градоначалникот и ЈКП „Водовод и канализација“  издејствувале цената на водата за пиење , оваа 2018 година, да не се зголемува.

„Доколку се прифатеше предлогот на Регулаторната комисија, цената на водата ќе беше зголемена за 20-30%, што значи дека за исто толкав процент нејзината цена е намалена. Со нејзиното останување на висина од 26,22 денари за метар кубен, значи дека го исполнуваме ветувањето дадено за време на кампањата за локалните избори“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.
“На инсистирање на градоначалникот, ЈКП „Водовод и канализација“ во целост ќе се потруди да ги намали целокупните трошоци и со тоа просечната цена на водата предложена од Регулаторната комисија за 2018 година, да ја намали за 12,61 отсто. Тоа значи дека цената на водата останува непроменета и ќе изнесува 26,22 денари за метар кубен“,  – истакна диеректорот на ЈП „ Водовод и канализација„ Прилеп  Емил Јанески, пред советниците на денешнаа седница посочувајќи дека  со тоа е исполнето предизборното ветувањето на градоначалникот за поефтинување на водата.
Тој образложи :  „За прв пат Регулаторната комисија ја определува цената за да обезбеди финансиска ликвидност на јавните претпријатија. Таа ја дава просечната тарифа врз основа на која по соодветна тарифа се пресметува средната цена на водата за физички и правни лица. Врз основа на тоа јавното претпријатие има можност во еден законски опсег, кој за оваа година изнесува 12,61 или 12,16 не ме држете за збор, да ја зголеми или намали просечната тарифа за водните услуги. На инсистирање на градоначалникот ЈКП „Водовод и Канализација“ во целост ќе се потруди да ги намали целокупните трошоци, особено оперативните трошоци и со тоа просечната цена на водата да ја намали за 12,61%. Значи цената на водата останува 26,92 денари ама споредбено со цената на водата што требаше да ја имаме по решението на Регулаторната комисија цената на водата требаше да биди 29,69 денари по метар кубен. Значи споредбено со цената на вода која требаше да ја имаме за 2018 година, цената на водата реално поефтинува, а споредбено со годините наназад останува иста, но во минатото Регулаторна комисија не ги утврдуваше цените на водните услуги. Урбаните отпадни води нивната кубикажа исто така оди по методологија, кубикажата која што ја трошат за вода не се пресметува, односно не влегува цената целосната кубикажа, таа по методологиија е некаде 70 или 80%. Односно ако едно семејство троши 15 кубици вода ЈКП „Водовод и Канализација“ фактурира за отпадни урбани води околу 10 кубици. Со зголемување од околу 2 денари тоа е 20 денари на сметка. Сега нема да одиме со загуба туку ќе работиме подомаќински и поекономично. И за оваа и за наредните години цената на водата ќе биде минималнамата онаа која што по закон мора да се испочитува“, истакна Јанески и  посочи дека претпријатието иако со ниски цени ќе работи домаќински и без проблеми.

Опозицијата,пак,на овие образложенија го говореше спротивното, дека прилепчани од идниот месец за 20 % ќе добиваат повисоки сметки за вода од ЈКП „Водовод и канализација“ и дека предизборното ветување на градоначалникот дека Јованоски е лага ,„која ќе стигне во нашите домови идниот месец„- рече кординаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ , Петар Ристески, кој инсистираше да докаже дека со предизборните ветувања на градоначалникот граѓаните се измамени.

„На оваа седница денес беа изгласани и неколку штетни точки за граѓаните на Општина Прилеп, меѓу кои и за покачување на сметката за вода. Во предизборниот период, градоначалникот Илија Јованоски, ветуваше на граѓаните 20% пониски сметки за вода и ова требаше да го спроведи. Денеска го видовме лицемерието на СДС на дело. Овде се спореше дали сметките ќе бидат повисоки или пониски, но еве можете да видите како ќе изгледа една сметка во иднина. Значи за потрошени 20 метри кубни вода, сега граѓаните ќе плаќаат некаде околу 1 евро повеќе. Оваа лага на СДС и градоначалникот Илија Јованоски, граѓаните ќе ја добијат дома наредниот месец.  Лагата на СДС ќе влезе во домовите на прилепчани, кои очекуваа дека градоначалникот ќе си го исполни своето предизборно ветување, односно 20% пониски сметки за вода. Уште еднаш да резимираме, од овој месец граѓаните на Општина Прилеп ќе добиваат повисоки сметки за вода“ -рече Ристески,

 

Трите точки кои беа камен на сопнување помеѓу советниците од  влста и опозиција:одлуката за утврдување на цени за прочистување на отпадни води на ЈКП ,,Водовод и канализација ’’-Прилеп, за регулиран период 2018-2020 година, Одлуката за утврдување на цени за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, за регулиран период 2018-2020 година, ,како и одлуката за утврдување на цени за снабдување со вода за пиење на ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, по два часовна расправија, беа игласани со 15 гласа „за„ 11 „против„ и еден „возджан„.

Но, при направената пауза, се констра дека гласањето е неважечко, бидејќи сопругата на советникот од СДСМ ,Тони Камчески е вработена во ЈКП „Водовод и канализација“ па поради судир на интерески, гласањето беше поништено и седницата продолжи со другите точки на дневен ред, со најава дека по завршувањето на 9-тата, ќе се одржи, итна, 10-та  редовна Седница, што и се случи.

„Итната 10-та седница се одржа затоа што имаше технички проблем, кој што беше во однос на носењето на одлуката на првите три точки кои што беа на дневен ред на денешната седница, затоа што имаше еден од членовите на Советот имаше конфликт на интерес, затоа што неговата сопруга работела во ЈКП „Водовод и Канализација,“за кое се однесуваше таа конкретна точка и со оглед на тоа што во законот во член 39, каде се вели дека доколку има податок за судир на лични интереси на функциуонер или член на Совет, со негов близок кој што работи во тоа претпријатие, тој се иззема од гласање. Тоа беше со една цел, во интерес на законската регулатива, во интерес на целокупното функционирање на Советот, мораше да закажиме итна 10-та седница, што го дозволува деловникот за работа на Советот на Општина Прилеп. Претседателот на Советот има право да свика итна седница, која што е во интерес на носењето на одлуката, без она деловничко право што сите членови на Советот го имаат, а тое е во рок од 7 дена да им бидат доставени материјалите за редовното работење на Советот на Општина Прилеп“, рече Претседателот на Советот на Општина Прилеп ,Миле  Талевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ ставија забелешка и на тоа дека на 9-та седница советникот Сами Ајдини ,од Сојузот на Ромите, гласал воздржано по трите точки од дневниот ред,кој се однесуваат на тарифата на водата, а на итната, 10-та, седница тој гласал „ЗА“.

 „Денес видовме и една фарса. Се презакажаа 3 точки за 10 седница, затоа што не можеа да обезбедат кворум, бидејќи еден советник имаше судир на интереси и се случи за 20 минути еден советник да го смени своето мислење. Советникот од Сојузот на Роми, треба да им објасни на своите сограѓани, на Ромите, како за 20 минути ја смени својата одлука од „Воздржан“, да гласа „ЗА„, за повисоки сметки за вода, кои Ромите и сите граѓани на Општина Прилеп ќе ги добиваат од идниот месец, па натаму.„- меѓудругот додаде ,координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ ,Петар Ристески

Покрај овие точки Советот донесе одлука да не го усвои овој извештај на јавното комунално претпријатие Пазари Прилеп. Поради голем број на нејаснотии со завршната сметка, односно завршниот финансиски извештај од страна на Пазари Прилеп,фи усови финаиските планови на основните и средните училишта, донесена Одлуката за давање согласност и овластување за потпишување на Договор за грант, помеѓу Република Македонија и Европска инвестициона банка  за проектот: ,,Водоснабдување и одведување на отпадни води“,еногласно ја усвоена Предлог програмата за култура за 2018 година, Советниците денеска ја изгласаа и Програмата за изменување  и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Прилеп за 2018 година и донесе одлука за отпочнување на проектот „Социјална мобилност“, кој треба да го замени проектот „Супер Марио„.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni
Penata