ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ќе се реши ли проблемот со водоснабдувањето во населеното место Канатларци?!

484

Најголемиот проблем на жителите на Канатларци, чие главно занимање се земјоделието, односно тутунопроизводството и сточарството,  е водоснабдувањето. Постојните количини на вода за пиење не ги задоволуваат потребите на месното население, заради што Општина Прилеп изработи проект за нови бунари.

„За многу кратко време жителите ќе добијат вода за пиење, со што проблемот на Канатларци со водоснабдување ќе се реши еднаш засекогаш. Продолжуваме и со градежните активности за иградба на патната инфраструктура  така што на почетокот на следната недела започнува асфалтирањето на улици во ова населено место, во должина од еден километар. Веднаш потоа следува асфалтирање на улиците во Ерековци и Тополчани, со што да крајот на овој
месец ќе бидат завршени сите планирани активности за реконструкција и рехабилитација на улиците во општината“, изјави при посетата на Канатларци градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

Директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески нагласи дека во овој момент, населеното место Канатларци кое брои повеќе од 2.000 жители, се водоснабдува од бунар со капацитет од околу 2.5 литри во секунда и четирикиловатна пумпа на длабочина од околу 50 метра, што ни приближно не е на потребното ниво.

„Со проектот кој го изработи Општина Прилеп, се очекува новиот бунар да има издашност од најмалку 5-7 литри во секунда, што е за 3 до четири пати повеќе од вкупните количини на вода со кои во овој момент се водоснабдува селото“-потенцира Јанески

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе