ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кинопремиера на „Бикини Мун“ од Манчевски во Прилеп

787

Во Киното Мис Стон четврток 26 и в петок 27 април со почеток во 20.00 часот ќе се прикажува филмот„БИКИНИ МУН“, од најпознатиот македонски режисер Милчо Манчевски, како дел од турнејата со киноприкажување во Македонија на петтиот филм на македонскиот режисер Манчевски.
„Бикини Мун“, првиот американски филм на Манчевски, снимен е во Њујорк. филмот играше на еден од најреномираните фестивали за авторски филм во САД во Сарасота.
Бикини Мун ја имаше светската премиера во Бразил, на фестивалот во Сао Пауло, а потоа во Португалија ја освои специјалната награда на жирито. Единствени Македонци во филмската екипа, покрај режисерот, се композиторот на музиката Игор Василев Новоградска и дизајнерот на специјалните ефекти Мишо Ристов.
Во оваа модерна, урбана бајка сместена во скршениот идеал на семејството – една харизматична бездомничка го привлекува вниманието на филмска екипа, која снима документарец и која е спремна да ја искористи нејзината приказна за да се прослави во светот на независните филмаџии.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе