ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Македонско-турска компанија отвора рудник за мермер во Прилеп и Долнени.Што добиваат општините од оваа инвестиција?

1.628

На површина од 4.6 км2, која се распростира на двете Општина, Прилеп и Долнени, македонско – турската компанија „Волостон“ доби концесија за геолошки истражувања на мермер, чие одобрение беше потпишано со Министерот за економија, во присуство на градоначалниците на двете општини и Министерот за екологија.

Концесијата е добиена на 30 години, а истражувањето ќе се врши во близина на рудникот Сивец во т.н областа Самарница

За ова концесионерот, при јавно наддавање, македонско-турската компаниа понудила 7,3 милиони евра. Толку тежи договорот за концесија

„Вложивме 7,3 милиони евра. Планираме во рок од 4 години да инвестираме уште  22 милиони евра, а  ќе имаме  фабрика со 500 вработени. Првата година ќе се вработат 100 лица. Оваа е заедно со  турска компанија, а  пласамнот на мермерот ќе ни биде во Азија ,  Европа, во Кина и Малезија“-  истакна концесионерот, Абдулметали Буши

НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ПАРИТЕ ОДАТ ВО КАСАТА НА ОПШТИНИТЕ

Седумдесет и осум проценти од парите за концесијата одат за општините, а 22 проценти ќе завршат во буџетот на државата. Врз основа  на тоа ,  3,7 милиони евра доби Општина Долнени, а  Општина Прилеп ОД ОВАА КОНЦЕСИЈА  добие 2 милиони евра. Средствата веќе се легнати на сметките на општините .Како тие ќе ги  користат?!

„Ови средства, како рурална општина“ би ги користле за инфраструктурен развој и на многу транспаренте начин. Имаме населени места каде најголемиот проблем е водата за пиење, имаме населени места каде нема канализација, училишта, патишта. Меѓутоа морам да истакнам дека дел од оваа инвестиција ќе оди за долгот од 2 милиони евра  кој го наследивме од предходната гарнитура,“-  додаде градоначалник на Долнени Џемил Ќамили,

 

“Овие средства ќе бидат искористени за вас граѓаните со подобрување на инфраструктурата и реализирање на зацртаните  проекти“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Владата е задовлна од оваа инвестиција.

Министерот за економја лично дојде во Долнени да ја потпише концесијата

 

„Ние како Влада  очекуваме општините овие средства да ги користат за инфраструктурни проекти, водоводи, канализации и локален економски развој“,  .Ќе крираме нови работни места и  ќе го зголемиме извозот на мермер од Р.Македонија.Со  планот и мерките  за економски развој правиме  добра клима како за домашните компании ,така и за странските инвеститори да инвестираат во Македонија  истакна  Министер за Економија, Крешник Бектеши на средба со концесионеот и градоначалниците на Општина Прилеп и Долнени

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: