ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кога и каде настанала поемата „Тешкото“ на Блаже Конески?!

1.828

„На овој ден – Голем Петок, кога цел Варош слави, а порано и Прилеп, големиот Блаже Конески добил инспирација за поемата „Тешкото“ тврди мојата мајка, Драгица, наставник по македонски јазик во пензија, која додава дека тоа негово сведочење било пренесено на еден од семинарите каде присуствувала како наставник.

„Беше кроток и пријатен човек кој оставаше длабоки траги, несебично пренесувајќи го своето знаење и љубов кон македонскиот јазик и својата татковина. Се сеќавам дека семинарот беше во ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп и ова негово сведоштво сеуште ми е во живо сеќавање.

Блаже Конески како предавач на тој семинар се потсетуваше на чувството кое го поттикнало за да ја создаде поемата „Тешкото“. Пред многу децении центарот на Прилеп беше Старо Корзо, место каде се собираа младите и старите, имаше големо корзо, шеталиште, а таму на една ширинка во близина на тогашната железничка станица се одбележуваа празниците со песни, со ора, со средби… Така било и далечната 1942 година кога Блаже Конески како 21 годишно момче присуствувал на празничната дружба за Голем Петок кога настапиле играорци од околните села играјќи го орото ТЕШКОТО. Инспириран од ритамот на орото, од движењата на играорците, тој веднаш по доаѓањето во својот дом во Прилеп ја направил скицата за поемата ТЕШКОТО – симбол за неговата љубов кон татковината“, вели мојата мајка пренесувајќи ги сеќавањата за Блаже Конески.

„Тешкото“, е една од најубавите песни на Конески, а секако и воопшто напишани на македонски јазик. Песната ја напишал 1946, а ја објавил 1948, во збирката песни „Земјата и љубовта“.
Блаже Конески бил длабоко и интимно поврзан со Прилеп, а особено со Варош. Во интервју објавено во весникот „Народен глас“ по повод Третоноемвриската награда која Собранието на Општина Прилеп му ја додели на Конески во 1965 година на прашањето за тоа што е највпечатливото за него од богатото историско минато на Прилеп и прилепчани, тој вели:
Она што е сврзано со Варош, со атмосферата на неговите споменици и легенди, со кои името на Прилеп эвучело надалеку.

Во продолжение да се потсетиме на симболиката за македонскиот непокор низ очите на големиот Блаже Конески, единствената поема „Тешкото“ која го пренесува генот и душата на македонскиот народ.

Методија Андонов Ченто „Тешкото“ на Шаторов камен

 

 

 

 

 

 

Тешкото  

О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,
штом тапан ќе грмне со подземен екот —
во градиве зошто жал лута ме стиска,
во очиве зошто ми навира река
и зошто ми иде да плачам ко дете,
да превијам раце, да прекријам лик —
та гризам јас усни, стегам срце клето,
да не пушти вик.

О тешкото! Старци излегуваат еве,
на чело им мисла, во очи им влага
и првиот чекор по меката трева
е мирен и бавен, со здржана тага.
но, ’рзнува тапан и писок се крева
и молнија светнува во секој глед,
и напред се пушта, се стрелка, се слева
стегнатиот ред.

До старците момци се фаќаат скокум;
не издржа срце — сив сокол во клетка,
не издржа пламен жив потулен в око,
не издржа младост што сака да летне!
Се залула оро! Се заврте земја,
и чиниш — се корне стресениот век,
и околу трпнат ридиштата темни
и враќаат ек.

И божем се врасло кипнатово оро
со исконска сила за земјава наша
и во него шуми на реките зборот,
и во него рика див ветар и страшен
и во него шепнат узреани житја
и вечерен мирис се разлева тих,
и земјата дише во пролетна ситост
со запален здив.

И душата, чиниш, на родот мој мачен
во тешково оро се уткала сета —
век по век што трупал се попуст и мрачен
од крвава болка, од робија клета,
век по век што нижел од корава мисла
за радосна челад, за слободен свет,
од песна — за љубов што гине со пискот
ко жерав во лет.

О, тешкото! Кога во молк те гледам,
на очиве магла ми напаѓа сура,
и одеднаш — в бескрај се растега редот
и ридја се губат в пустелија штура —
и еве кај иде од маглата матна
сè сенка до сенка, сè еден до друг —
во бескрајно оро син оди по татка,
по деда си — внук.

Времињата мрачни се нивното поле,
и нивната свирка — на прангите ѕвекот,
а главите им се наведени доле,
и покроце врват — сè чекор по чекор.
О, времиња, што ве в мрак родот мој минал,
кој збор ќе ми најде за вашата стрв?!
Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат
над пустош и крв?!

Кој број ќе ми каже на лутите рани,
на пламнати ноќи, на пеплишта пусти,
кој на срце болки ќе изреди збрани,
и на очи солзи, и клетви на усти.

О тешкото! Синџир ти беше на робја,
од калеши моми и невести ред,
со врзани раце со плен што ги погнал
насилникот клет.

О, тешкото! Синџир ти беше на робја,
дур не стана народ во листена гора,
сè дури со јадот од векови собран
не поведе бујно, бунтовничко оро!
Се залула танец низ крвје и огон,
и повик се зачу и грмеж во чад —
те разнесе сегде бунтовната нога
по родниот кат.

О тешкото! Сега по нашите села
во слобода првпат штом оро ќе сретам,
зар чудно е — солза да потече врела,
зар чудно е — жалба јас в срце да сетам?!
Од вековно роропство, мој народе, идеш
но носиш ти в срце дар златен и пој.
Пченицата твоја триж плодна ќе биде,
и животот твој!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: