ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кои одлуки ги донесе Владата за рестриктивните мерки?

587

По препорака на Комисијата за заразни болести денеска Владата на 69 тата редовна седница донесе нови порелаксирани мерки за справување со пандемијата:

Забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај 2021 почнува од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден.

Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година.

Од 12 мај 2021 година, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор. Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од 12 мај 2021 година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: