ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Командир во прилепската полициска станица приведен во денешната акција на МВР

2.216

Припадници на МВР денеска кај планинсклиот премин Плетвар пресекоа организиран транзит на дрога вредна 800 илјади евра. Во организацијата на транспортот на дрогата постои сомнеж дека е вмешан висок полициски службеник, со чин командир во полициска станица Прилеп, пренесува порталот СДК.

Според информациите од МВР, станува збор за поголема група на лица кои се уапсени но поради истрагата се уште не се откриваат детали ниту бројки. Кај уапсените е пронајдено и оружје. Според информации од истрагата оваа нарко-дилерска група и транзитот овозможен со командирот на прилепската полиција, немаат врска со трговците со кокаин од Грчец, кои беа апсени минатата недела.

Акцијата МВР ја спроведе со помош на Американската агенција за борба против дрога, ДЕА. МВР за утре најавува информација за резултатите од акцијата, преземено од : https://novatv.mk/

Инаку, на својот фејсбук профил ,Министерост за внатрешни работи , Оливер Сапсовски напиша: https://www.facebook.com/o.spasovski

“Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот.„

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: