ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Комфи Ангел се фокусира на нови производствени процеси за подобрување на продуктивноста

2.864

Во името на менаџментот на Комфи Ангел, Ирена Јакимовска, своето месечно обраќање до вработените го започна со потсетување на мисијата и визијата што ја гради компанијата и гласи „Градиме компанија која ќе постои после нас!“ и, ги информира вработените за одлуката за вработување на три нови лица, кои ќе работат на имплементирање на новите процеси на производство, за подобрување на продуктивноста на  Комфи Ангел

.

Продуктивноста е суштинска и многу битна, не само за самите основачи на компанијата, туку и за подобрување на животниот стандард на вработените. Ова е важно за следењето на промените кои се случуваат во делот на техничко –технолошкиот раст и  развој на нашата индустрија, со цел да ја задржиме нашата конкуретност и да останеме актуелни на европскиот пазар како извозно орентирана компанија. За да се реализира тоа, треба да сфатиме дека сите ние, како дел од овој систем, независно на која работна позиција се наоѓаме, подеднакво партиципираме во креирањето и реализирањето на продуктивноста.“ – рече Јакимовска при своето обраќање до вработените.

Од тој аспект, таа ги замоли вработените да се однесуваат поодговорно спрема она што е сопственост на Комфи Ангел и да ги почитуваат правилата на однесување зацртани во компанијата “и,  професионално да се однесувате според нив, бидејќи кој ја уништува сопственоста на Комфи Ангел, тој и не припаѓа тука. Треба да се однесуваме во компанијата онака како што се однесуваме дома“- нагласи таа, упатувајќи апел кон вработените да се однесуваат со компанијата како да е своја, „бидејќи само така ќе бидеме сигурни сме на вистинскиот пат и дека компанија ќе продолжи да постои за нас“.

Што се однесува до тековното работење, менаџментот на Комфи Ангел информира дека до крајот на оваа година, и во  наредната,  капацитетите за работа се полни „ што укажува дека нашите купци се среќни и задоволни, како со сервисот кој им го нудиме,(навременост во испраките, точност, прецизност.. итн), така и со квалитетот на нашите производи.  И, од тие причини, ве замолувам да бидете опуштени и да се фокусирате на вашата работа и на фирмата, бидејќи само заедно можеме напред во креирањето на нашата мисија и визија“– подвлече Јакимовска.

Таа при ова обраќање  не заборави да  потсети и на ковид мерките и нивното задолжително почитување, поради вирусот кој сеуште е присутен, заради заштита на здравјето на поединецот и здравјето на семејствата.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: