ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Конечно триумф на гостински терен за Победа

668

Во натпревар од 24-тото коло на Втората лига – Исток , фудбалерите на Победа триумфираа во Радовиш против Плачковица со резултат 3:1.Дуел значаен и за двата тима во битката за опстанок сезонава. Ова е втора гостинска победа за црвено белите , прва на третото второлигашко гостување во Радовиш. Головите за прилепчани ги постигнаа Кисески – Илијоски во 38 минута од мечот , Грозданоски две минути по израмнувачкиот погодок на домаќините преку Јанев а конечните 1:3 ги постави Алимоски со првиот сениорски погодок во дресот на Победа.Во следното коло Победа е домаќин на фенерџијата Росоман.

Резултати : Плачковица – Победа 1:3 , Кит-Го – Саса 1:1 , Кожув – Тиквеш 0:2 , Осогово – Брегалница 0:2 и Росоман- Слога 1:2.

На табелата Брегалница и Тиквеш водечки со тоа што првопласираната Брегалница има девет бодови предност пред кавадарчани.Победа е на осмата позиција со освоени дваесет бодови.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе