ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Континуитет за почит – 68 мо Државно првенство во воздухопловно спортско моделарство (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

760

Триесетина натпреварувачи од цела Македонија, на Спортскиот аеродром кај Мало Коњари, во три дисциплини на едрилици во слободен лет, ги презентираат своите вештини и познавања во воздухопловната теорија и пракса, аеродинамика, метеорологија, но и во психофизичка подготовка. Организатори на Државно првенство во воздухопловно спортско моделарство 68 мо по ред, се Воздухопловната федерација на Македонија и ВСК Фил ФеликсПрилеп.

„Присутни се сите активни воздухопловци од овие дисциплини од Прилеп, Скопје, Битола, Кавадарци и Охрид кои што ја претставуваат основата на оваа дисциплина на домашен и меѓународен план. Натпреварите се одвиваат во 5 турнуси од по 1 час, а доколку има изедначена борба се преминува на флај оф – уште дополнителен еден или два турнуси. Ова е прв натпревар по точно една година, иако за жал беа планирани бројни настани, но пандемијата не’ спречи во тоа. Манифестацијата се одржува со почитување на сите препораки за вакви спортски настани“, вели Здравко Тодороски, директор на натпреварот и селектор на репрезентацијата на Македонија.

Во зависност временските прилики натпреварите се одвиваат во 7 или во 5 турнуси (рунди), а тие траат од 55 мин, до 1 час, кога секоја натпреварувач има можност да стартува. Временските прилики треба да се следат и да се познаваат, зашто ветрот е тој кој што ги движи овие воздухопловни модели во слободен лет. Психофизичката подготовка е исто така важна, бидејќи потребно е леталото кое што во воздух треба да се одржи 3 минути, натпреварувачот да го врати на старната позиција.

Моделите се во три категории: Ф – 1- А едрилици кои се влечат со сајла долга до 50 м. со која што се командува леталото; Ф – 1- Б модел со гумен мотор, сноп на гумени ленти, кој што не смее да биде потежок од 20 грама; Ф – 1- Ц едрилица која што има мотор на клип и може да развие до 20 илјади обртаи во време од 4 секунди.

Едрилиците се изградени од композитни материјали и за разлика од пред 10 тина години кога натпреварувачите сами ги градеа, денес се набавуваат и се доста скапи.    

„Од 7 години сум со овој спорт“, вели 65 годишниот Коста Стојановски од Скопје. „Овој спорт е многу убава работа, само што е напорна и во мојата категорија Ф – 1- Ц (качувачи) многу малку луѓе се натпреваруваат. Моторот е 300 евра, и другите механизми дополнителни 300 евра. Јас сам ги правам, но ако сакате да се конкурентни, моделот треба да се купи. Ние сме последните мамути“, вели Стојановски кои има искуства во меѓународни, европски и светски натпревари претставувајќи ја Македонија.

Денес, Русија е број 1 во светот во воздухопловното моделарство, спорт во кој земјата се специјализирала за производство на најквалитетните летала. Натпреварувачите велат дека има многу таленирани македонски воздухопловни спортисти, но покрај врвната воздухопловна теорија и пракса, психофизичка подготовка, пресудни се финансиите за резултати на меѓународно ниво.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: