ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Коронавирусот и во Мак фудалот

628

За време на тестирањата во екипите од Првата фудбалска лига, шест фудбалери на тетовските екипи, четворица  од Ренова и двајца од Шкендија, се позитивни. Тестирањето ќе продолжи во понеделник и во други екипи, велат од Синдикатотот на фудбалери на Македонија.

„По тестирањето на екипите од Тетово, има шест позитивни случаи со Ковид 19, четворица се од Ренова и двајца од Шкендија. Имињата на играчите се испратени во соодветните клубови, кои ги откажаа денешните тренинзи, а заразените се очекува да бидат во карантин, а другите во самоизолација“, се вели во соопштението на  Синдикатot на фудбалери на Македонија.

Со ова и  рестартот на сезоната е доведена во прашање, бидејќи Ренова и Шкендија сигурно нема да тренираат во следниот период. Инаку,предвидениот почеток на натпреварите беше помеѓу 14 и 21 јуни. Екипата на  Ренова беше еден од клубовите кои јавно се спротивстави на идејата сезоната во Првата лига да продолжи,  во интерес на здравјето на своите фудбалерите и нивните најблиски.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: