ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ковидот го „покоси“ медицинскиот персонал во прилепската болница

2.616

Општата болница „Борка Талески“ Прилеп ќе мора да го реорганизира сменското работење,  и да ги редуцира лекувањата на сите останати пациенти за соодветно да одговори на порастот од новозаболени пациенти, како и вработени од корона вирус во болницата.Од персоналот има заболени медицински сестри и болничари од неколку одделенија, информираше директорот Драган Богојески.

Некаде околу 10 тина вработени од Општа болница „Борка Талески“ се позитивни на корона вирус. На хируршкото одделение има 3 сестри, во нервното одделение има сестра која е позитивна на корона вирус и во интерното има 4 од персоналот. Одделенијата функционираат, но со оглед на влошувањето на здравствената состојба и зголемен број на заболени од Ковид 19, ќе мораме да го редуцираме лекувањето на останатите пациенти за да можеме да одговориме на барањата со здравствен персонал.Со одредени измени и редукции во сменското работење ќе одговориме на барањата, имаме доволно персонал, иако ќе мора да го редуцираме бројот на медицински сестри кои ги упатувавме од прилепската болница во скопските клиники, одговори на новинарско прашање Богојески.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе