ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепскиот храм на литературата, книжевноста и културата одбележува 75 години од постоењето

898

Градската библиотека „Борка Талески“ и Прилеп денеска чествуваат два јубилеи поврзани со библиотекарството,75 години од постоењето на храмот на книгата, и исто толку години, како градот одбележува од формирањето на прва градска библиотека во Македонија. Скромно, со положување свежо цвеќе пред спомениците на Марко Цепенков, Блаже Конески и Круме Кепески, како и со посета на куќата на Борка Талески, вработените од библиотеката го чествуваа јубилејот, со најава за настани кои ќе следат во подобро време, по завршување на пандемијата.

– Ќе промовираме неколку дела, меѓу нив, монографија со која што одбележуваме 75 години од постоењето на библиотеката, и други дела кои што го бележат развојот и значењето на оваа установа. Планираме изложби, промоции на дела, саеми заедно со издавачките куќи, натпревари, ораторски вечери, промоции, матинеа… Во овие седум и пол децении бележиме раст и развој на оваа наша градска установа, која што е дом и храм на културата на сите граѓани. Библиотеката располага со 133 илјади библиотечни единици, што во вредност значи околу 25 милиони денари. Ова културно наследство е добиено со набавка на литература, подарувано од Националната библиотека, Министерството за култура, МАНУ и други културни и научни институции, здруженија, а во исто време е создавано преку ракопис, креативна мисла од вработените  низ генерацискиот развој. Библиотеката располага со околу илјада раритетни библиотечни единици, но во исто време и со роднокрајна поставка која што бележи преку 3 илјади дела, рече Моника Талеска, директор на Градската библиотека „Борка Талески“.

Инаку, оваа општинска културна установа од културата е најпосетувана во градот, што говори за интересот за книгата во Прилеп. Во ек на корона пандемија со почитување на посебните протоколи, дневно прилепската библиотека ја посетуваат по околу 200 граѓани, додека во март, тој број се движел околу 700 дневно на двата пулта, за возрасни и за деца.  

– Тоа значи дека во Прилеп живеат граѓани кои што се почитувачи на литературата,културата, книжевноста и ние возвраќаме со иста мера. Токму затоа со деценија висината на цената на годишната членарина останува симболична 250 денари за возрасни и 200 ден. за деца е регуларна цена, што е помалку од вредноста на било која друга книга, рече Талеска.

Денес во библиотеката работат 18 почитувачи и негуватели на културното наследство и литература. Континуираниот развој на прилепската библиотека има свои корени во некогашното читалиште „Надежда“ кое што функционирало во 19 тиот век ( основана во 1867 година), повремено до ослободувањето, во градот имало одредени читални.  Во 1945 година е формирана првата градска библиотека воопшто во земјава.

Потврдата за почетоците се наоѓа во писмото што на 22 октомври 1945 година, тогашниот управител на библиотеката Димче Најчески, го испратил до Околискиот просветен одбор.

„Другари, после ослободувањето на нашиот град, беше отворено Градско народно читалиште, на иницијатива на неколку другари. Се собра извесен број книги и читалиштето почна редовно да работи. Управата на градската библиотека и читалиште ‘Борка Талески’ наскоро ќе преземе акција за собирање доброволен прилог и книги…“

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: