CSS Template

Крушево дезинфицира по најавата за отворање на сместувачките капацитеит

111
Avtokontrol1

Крушево,  по најавата за  отворање на сместувачките капацитети, се подготвува за туристите и започна дезинфикција во институциите: банки, пошта, суд, МВР, управата за јавни приходи и во другите објекти од витално значење на граѓаните  на територијата на градот Крушево.Крушевчани тврдат дека обезбедуваа  најбезбедна средина за граѓаните и за туристите кои сакаат да го посетат Крушево .

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски порача дека се преземаат сите мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Ги преземаме сите мерки и токму дезинфекцијата е дел од тој процес. Обезбедуваме безбедна средина за граѓаните и за туристите во пресрет на отворањето на сместувачките капацитети. Ја следиме ситуацијата на терен и гарантирам дека Крушево ова лето ќе биде едно најбезбедните места и за граѓаните и за туристите“, изјави градоначалникот Христоски.


semm
Farma Dolneni
Vivafarm