ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Хотелите од понеделник 22 јуни ќе почнат со прием на гости со утврдени правила

432

Хотелите од понеделник 22 јуни ги отвораат вратите за гостите. Протоколите за угостителските објекти и за гостите, и протоколите за ресторантското работење содржи строги правила кон кој треба да се придржува, и персоналот и гостите.

 При прием и сместувањево хотелот ќе биде потребна дезинфекција на обувки пред влезна врата, дезинфекција на раце во холот, а гостите за цело време на престојот во хотелот задолжително треба да носат заштитни маски. Вработените на рецепција покрај заштитна маска задолжително мора да носат и визир доколку нема поставена монтажни преграда изработена од проѕирна пластика или стакло, која во долниот дел има отворен простор само за манипулирање со клуч и документи.

Дезинфекција, ограничен број на гости каде се послужува и храната, растојание од 1,5 до 2 метри меѓу гостите, ограничување на групните собири, нема  шведска маса и задолжително е носење на маски.

Гостинот заедно со клучот добива флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој дефиниран од внатрешен тим на хотелот. Во сместувачките капацитети со повеќе кревети може сместување само гости од едно семејство кој ќе го докажат тоа при пријавувањето.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: