ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крушево утре во сеќавање за Тоше, по повод неговиот роденден

578

Крушево,утре, подготвено е, организирано, да го одбележи роденден на својот великан, музичката балканска ѕвезда,  Тоше Проески,  кој на 25 јануари  ќе наполнеше 38 години. Во негово сеќавање и чест, Крушевчани очекуваат многу фанови од Македонија и Балканот, да пристигнат во Крушево и да се поклонат на вечно почивалиште на Тоше и да ја посетат спомен-куќата на Проески, во која е „вткане„ целот негов живот.

„Чествувањето и сеќавањето за роденденот на нашиотТоше и оваа година е  во оганизација на Општина Крушево, со соработка со спомен-куќата „Тодор Проески“, Меѓународната фондација „Тоше Проески“, ООУ „Никола Карев“ и СОУ „Наум Наумовски Борче“,и започнува од 11,30 мин, со положување на цвеќе на вечното почивалиште на Тоше, а потоа пристутните ќе ја посетат  спомен-куќата „Тодор Проески“.“- ни објасни, Сотир  Габелоски,портпаролот од ЛС на Општина Крушево и ги покани сите фанови да дојдат утре во Крушево.

Во чест на Тоше, неговта пријтелка и колешка Елена Ристеска, ќе пее песни од Тоше, а ќе настапат и Сотираки Чакалар, како и музчки талент од Крушево, Марија Котеска. Ученици од „Наум Наумовски Борче“ ќе читаат извадоци од песни на Тоше,а во текот на манифестацијата ќе се одвива и креативна работилница во авторство на ракотворци од Битола. На присутните ќе им се обратат градоначалникот на Крушево и директорот на НУ спомен-куќата на Проески, а ќе бидат доделени и награди и благодарници.

Фотографиите се од минатогодишното одбележување

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: