ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Квалитетни екипи и арбитри на турнирот „Миле Нешкоски„

1.322

Утре, (вторник 31 август) во организација на РК Прилеп почнува шесттиот по ред меморијален турнир „Миле Нешкоски“ на кој ќе земат учество пет домашни екипи и една странска. Учесници од Македонија ќе бидат екипите на Прилеп (како домаќин), Струга, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2 и Голден Арт Кире Лазаров 7,а гостинска екипа од странство ќе биде српската Дубочица од Лесковац.

На денот на отворањето, 31 август, од 16 часот најавено е присуство од претставници на РФМ, од неколку ракометни легенди кои заедно со Нешкоски биле на паркетот и ги бранеле боите на клубот, како и од Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Наумче Мојсоски. Традиционално, преставници од екипите ќе положат цвеќе и ќе се поклонат на спомен плочата на Миле Нешкоски поставена пред Универзалната сала, а потоа започнува натпреварувањето, во18,оо частот помеѓу екипите н РК Прилеп – РК Струга.

Во овие три ракометни дена ќе се одржат девет натпревари, што е големо ракометно случување во Прилеп, а прилепчани сето тоа можат да го проследат он лајн на ФП на Радио Пела и на Јутуб каналот од РК Прилеп, со цел да се почитуваат здравствените протоколи.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ И ОРГАНИЗАЦИЈА

РК ПРИЛЕП ИМА 9 РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ – „Еден град Прилеп, кој долги години се бореше да се врати на ракометната сцена, да создае 9 кадетски репрезентативци е голем успех и огромна работа, а малкумина знаат дека е така„– Кузманоски

Се разбира за квалитетот на турнирот придонеуваат пред се екипите кои се дел од овој турнир, рече тренерот на РК Прилеп, Горан Кизманоски. 

Пред стартот на првенството, кое започнува на 9 септември, турнирот „Миле Нешкоски“ е добредојде за согледување на формата на екипата, бидејќи ова ќе биде турнир на кавлитетен ракомет. Дубочица не е непозната екипа . Тоа е екипа која Прилепчани ја познаваат по натпреварувањата со некогашниот РК Тут-Ком. Учесник е Еурофарм Пелистер 2 кој има 4 репрезентативци во својот состав, квалитетна екипа која предходната натпреварувчка сезона играше и во плеј офот;  екипата на Тиквеш, една ракометна екипа која во последниве две години вложи многу во ракометот и имаат доста квалитетни засилувања годинава; Голден Арт која испадна предходната година од суперлигашкото друштво, но останаа да финасира на својот развој; екипата на Струга која што никако не е за потценување, и тие минатата година играа во плеј офот и имаат добар играчки кадар, и нашиот клуб,  РК Прилеп. За квалитетот на нашата екипа, која е пред се млада екипа со млад играчки кадар, говри тоа што од нашиот соства имаше дури 4 потенцијални кадетски репрезентативци на последното кадетско ЕП кое се одржа во Скопје. Од нив, двајца беа во потесниот состав на репрезентацијата. Тое е еден голем плус за нашиот ракометен Прилеп. И, ова ни дава поттик да продолжиме како клуб да создаваме, креираме и обучуваме такви играчи-репрезентативци. Иако, дел од нив не се веќе членови на РК Прилеп, во поширокиот состав на таа кадетска репрезентација имаше дури 9 ракометари кои беа токму од школата на РК Прилеп. Тоа, мора да признаеме е еден голем плус за ракометот во Прилеп. Оваа заслуга, пред се се должи на Претседателот на РК Прилеп, Александар Мариновски кој долги години се обидува финансиски и технички Прилеп да има врвен ракомет. Еден град, како Прилеп, каде што  долги години се бори да се врати на ракометната сцена, да создаде 9 кадетски репрезентативци е голема работа, голем успех на еден клуб, а малкумина знаат дека тоа е така. „- истакна Кузманоски

Давор Шокоски, играчот на РК Прилеп посочи дека сака со своите соиграчи да го освои првото место на турнирот. „ На секој  натпревар одиме на победа, па се надевам дека ќе го освоиме и турнирот, секако со огромен  респект кон сите екипи кои учествуваат на турнирот, бидејќи станува збор за квалитетни ракометни екипи со голем ракометен потенцијал.

ПОТРЕБНА Е ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ И УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ЗА РАЗВОЈ НА РАКОМЕТОТ И КЛУБОТ

Турнирот го организираме традиционалано по 6 пат, со прекин  од една година, минатата поради пандемијата. Но, драго ми е што можеме да продолжеме да го организираме во чест на прилепскиот ракометен ас „Миле Нешкоски„. Сепак, за полесно и по непречено да го организираме овој  турнир и да ги завршуваме првенствата, да градиме ракомет, потребни се финансии и повеќе спонзори на клубот, рече Александар Мариновски, Претседателот на РК Прилеп.

Решението за враќање на ракометот на патеките кои ги заслужува е поврзано со финасии и со услови. Не знам како да се најде решение, Универзална сала да биде во корист на ракометот (но, и на другите спортови), а од оваа позиција ги повикувам и останатите бизнисмени да помогнат во развој и финансирањето на овој спорт, кој, како што рече Кузманоски, има голем потенцијал во Прилеп, а ние,за жал, секоја втора/трета година од постоењето имаме криза во финансирањето и паѓаме лига подолу, па потоа се бориме со сите сили да се искачиме во елитното ракометно друштво. А, тоа испаѓање и фраќање во лигите создава тешкотии во континуитетот и развој на ракометот во Прилеп, а причина за тоа се непостојаноста на финасиите. Морам да изразам благодарност до Општината која од општинскиот буџет издвојува една сума за ракометот, но не доволна, благодарност до Мермерниот комбинат Прилеп и до СОУ „Ристе Ристески Ричко“,што ни овозможува да ја користиме нивната спортска сала за потребите на клубот. Но, сепак Универзалната сала е ракометниот спортски храм во Прилеп за развој на ракометот и постојаност на РК Прилеп во зачувувањето и градењето на ракометот во овој град„– рече Мариновски

КВАЛИТЕТНИ АРБИТРИ НА ТУРНИРОТ

Во подигнувањето на дигнитетот на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски , арбитри на турнирот ќе бидат познатите македонските ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои се прогласени за најдобра судиска двојка во светот, ракометни арбитри кои во моментов се број еден во Европа и светот, и на кои им беше дадена честа, да го судат финалето на Олимписките игри во Токио. На турнирот судиската правда ќе ја делат и судиските двојки: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, браќата Илиевски и прилепската судиска двојка Седлоски – Ангелески.

Турнирот го помогнаа : Мермерен комбинат- Прилеп , РФМ, Агенцијата за Млади и Спорт на РСМ и Општина Прилеп .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: