ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Летно кино – Недела на германскиот филм

332

На летната сцена во ЦК „ Марко Цепенков“ – Прилеп, во поинакво издание на 3 и 4 септември, четврток и петок, ќе се одржи летно кино со „Неделата на новиот германски филм“.  Со тоа, продолжува долгогодишната традиција, а прилепчани ќе се дружат со најновите остварувања на богатата германска кинематографија.
Филмските проекции, вкупно 4,  ќе се реализираат на отворено, со оглед на ситуацијата со корона вирусот.
Oвогодинешното издание на „Неделата на новиот германски филм“ ЦК „Марко Цепенков“ го реализира во соработка со Амбасадата на СР Германија во земјата, Кинотека на Р. С. Македонија и Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.
Влезот е слободен, според протоколи за заштита од корона вирусот (задолжително носење на маска, мерење температура и дезинфекција на раце).

Ќе бидат прикажани филмовите:03.09.2020 – UNDINE  почеток во 19.30 часот (траење 1:30min)
03.09.2020 – BALLON почеток во 21.30 ч. (траење 2:05min)
04.09.2020 – MEIN BLIND DATE MIT DEM LEBEN  почеток во 19.30 ч.( траење 1:51min)
04.09.2020 – DIE GOLDFISCHE  почеток во 21.30 ч.(траење 1:51min)

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе