ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Левица: „Никој не смее да врши политичко влијание врз деца во училиште„

675

Во соопштението до медиумите, политичката партија Левица пренесува забелешки и поплаки од родители чии деца се вклучени во образовниот систем и го потенцира својот став за употребата на името „Северна Македонија“ .Во соопштението се вели:

„Деновиве, до нас пристигнуваат реакции и поплаки од страна на родители во врска со зачестена, преизнасилена и агресивно наметнувачката употреба на името Северна Македонија од страна на одделенски наставници на часовите со најмладите, како и корегирање и инсистирање истото име да го употребуваат и децата, односно учениците. Многу е веројатно дека наставниците се инструирани и дека им се врши притисок да инсистираат на употреба на државното име кое жителите на Македонија го отфрлија на противзаконскиот и нелегален референдум со бојкот на срамното и манипулативно прашање.

Ваквото политичко насилство врз децата е монструозно. Тоа не е ништо друго, туку образовна пропаганда која на вештачки начин се обидува да го наметне името кај најмладите и на таков начин да придонесе кон втемелување на историскиот ревизионизам и бришење на колективната меморија на Македонија и македонскиот народ.

Никој не смее да врши политичко влијание врз деца, а училиштата да ги користи за место за ширење политичка пропаганда. Дури и кога договорот во Преспа не би бил ништовен, односно, дури и ако истиот беше склучен и потпишан во склад со законите и испочитувани процедури на институциите, како и волјата на македонскиот народ, повторно не би имало основа за демонстрираниот изнуден ентузијазам на наставниците. Ваквото однесување претставува психолошка тортура, а и покажува дека властите на агресивен начин ги користат сите формални и неформални институции во обид на вештачката шовинистичка индоктринација.

Ги повикуваме наставниците и родителите активно да се спротивставуваат на ваквите обиди. Во услови на тортура од властите, граѓанска непослушност која служи да ја сузбие пропагандата, е должност на сите нас – а особено на оние кои ги образуваат децата.Родителите апелираат дека децата треба да бидат оставени на мир и да се престане со притисок врз наставниците. Училиштата треба да понудат едукативни, а не пропагандно-манипулативни содржини.“ се вели во соопштението до медиумите од политичката партија Левица

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: