ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Љубителите на авантуризмот викендов можат да уживаат во Крушево

776

 

Од денеска,14-ти  до 16 февруари, в недела, Крушево е домаќин на второто издание на фестивалот „When in Krusevo – Winter is Here“ (Кога си во Крушево-зимата е тука“),одлична можност за сите љубиели на авантуризмот. Според програмата , во текот на денешниот ден започна пристигнувањето на  учесниците, а веќе од утре стартува официјално фестивалот.

Крушево

Во 10 часот пред Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење ќе почне саботната рекреативна тура.  Таа опфаќа: рекреативна планинарска тура од околу 5 км или, по избор, подолга тура до месноста „Слива“ е 8 километри, а  од  10 до15 часот е Зимски тандем-параглајдинг и  јавањето на коњи.

Во текот на денот  крушевчани организираа забава на отворено за ссите учесниците со „DJ Bapcu“ како и рок журка со „Backdoor Band“. Вечерна забава ќе обезбеди групата „The Hounds“, „DJ Taseski“ и „DJ Pece“.

Организаторите велат дека очекуваат голем број учесници кои ќе го следат фестивалот и ќе бидат дел од богата рекреативна програма, а сместувачките капацитети се исполнуваат со посетители од целата држава.Второто издание на фестивалот носи по неколку илјади туристи во Крушево, најмногу поради фестивалските содржини кои вклучуваа: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, зимски тандем-параглајдинг, зимско јавање на коњи, дегустација на вкусни крушевски специјалитети и луда забава, овој пат на прекрасните ски-терени на „Станич“ и ресторан „Алто“.

 

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски смета дека „When in Krusevo“ има голем потенцијал и сериозно ја збогатува туристичка понуда на градот.

 

„Досега имавме неколку изданија на летното и зимското „When in Krusevo“, настан кој Општината активно го поддржува зашто покажа голем потенцијал и сериозно ја збогати нашата понуда. И годинава очекуваме двете изданија на фестивалот да донесат над 6 000 туристи во нашиот град“, вели Христоски.

В недела преку денот има забава на ски-терените во месноста „Станич“, зимски тандем-параглајдинг како и нова авантура со јавање коњи.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: