ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Луѓето ја сакаат вистината – монодрамата „Дневникот на лудиот“ на турнеја низ Македонија

528

Почнувајќи од 2 октомври монодрамата „Дневникот на лудиот“ од Николај Гогољ, во режија на Ѓорѓи Ризески, а во изведба на прилепскиот актер Бобан Алексоски кога ќе биде изведена во театар Сенки и Облаци Скопје, па во наредните два месеци ќе патува во Охрид, Велес, Дојран, Кавадарци, Штип, Куманово,Кочани, Валандово и Богданци. До крај на месец ноември претставата ќе брои дваесет и две изведби.Планирани се учества на фестивали надвор од државата за наредната година.
Овие гостувања се поддржани од Министерството за култура во рамките на манифестацијата Нов културен бран 2019 година.

Претставата е работена пред три години како дел од независна продукција.

 

„Нашата претстава се занимава со тоа колку е важно да се има поддршка за да се успее во животот, колку сме виновни што сме добиле или не сме добиле од него. Разочарувањето не е одговор, има нешто среќно што го трагаме сите, но многу пречки што самите сме ги создале не ни дозволиле за да конечно го најдеме и му се радуваме до крај.” порачува екипата.

Дневникот на лудиот до сега има учествувано на четири театарски фестивали, Интернационалниот театарски фестивал на монодрама во Битола, МТФ Војдан Чернодрински Прилеп, на ИТФ Лица без Маски оваа година претставата освои награда за најдобар актер на фестивалот за Бобан Алексоски, на ИТФ БАТИФ Тирана, Албанија во 2017 година монодрамата освои две награди, за најдобар актер и најдобра режија на фестивалот за Алексоски и Ризески.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: