ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Македонски Австралијанец и Литванка ќе се тркаат за македонски Евросонг

747

Џејмс Цветковски е државјанин на Австралија, со македонско потекло. За себе вели дека е страстен музичар од рана возраст. Врската со државата која била закопана во него ја открил минатата година, кога бил дел од Школата за млади лидери на претседателот Иванов, а престојот во Македонија му помогнал да  стекне добри пријатели во нашата земја. Неговиот тинејџерски сон да напише песна за Евровизија оваа година може да стане и реалност: Џејмс го напиша текстот и музиката за песната “Perfect (On Top)” со која заедно со Вилија Матачунатеја, литванската евровизиска претставничка од 2014-та, ќе атакуваат на македонскиот Евросонг. Доколку песната биде наш избор за евровизиски претставник, според правилата на МРТ ќе треба да биде исполнета од македонски изведувач.

– Вилија ја имаше основата на музиката и текстот. Се започна од гласовна снимка која таа ја сними на нејзиниот мобилен само со пијано и глас. Кога ми го прати, го зедов и продолжив со него – звучеше повеќе како пијано балада на почеток, сега има јак рок звук/стил. Целосно е различна од првичната, вели за порталот Македонија365 Цветковски.

Инаку, текстот, допира некои теми како што се: идентитет, хедонизам, уништена врска. Двајцата заедно работеле на текстот, бидејќи двајцата ја црпат инспирација од реални искуства.

Музиката е моќен начин да се зближат луѓето, и како слушач, станува помоќна кога можеш да се поистоветуваш со пораката, вели македонскиот Австралијанец Цветковски.

МРТ неодамна распиша конкурс за нашата евровизиска песна, а домашните и странските автори можат да ги праќаат своите композиции најдоцна на 8 февруари. Потоа, врз основа на избраната композиција ќе биде предложен и изведувач или група изведувачи што би нè претставувал/е во Лисабон, Португалија

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: