CSS Template

Општина Прилеп и ЕВН потпишаа договор за квалитетно снабдување со електрична енергија во месноста „Три багреми“

305
Avtokontrol1

Општина Прилеп и ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ, Скопје, го потпишаа договорот за подобрување на состојбата со снабдување со електрична енергија на жителите од месноста „Три багреми“, која е дел од населбата „Тризла 2“. Со Договорот се регулираат правата и обврските на двете договорни страни, во врска со пристапот, приклучувањето на дистрибутивната мрежа и други услуги поврзани со работата на среднонапонската и нисконапонската мрежа во оваа населба.

Вкупната вредност за реализација на предметот на овој договор изнесува 2.109.577,00 денари, средства кои од Потпрограмата за поддршка на имплементација на декадата и стратегијата на Ромите, ги обезбеди Владата на Република Македонија.

Потпишувањето на Договорот е дел од проектот на Општина Прилеп за уредување на комуналната инфраструктура во месноста „Три багреми“, што воедно беше и предизборно ветување на градоначалникот Илија Јованоски.

Наскоро во оваа населба ќе има квалитетно електро-напојување, информираат од Локална самоуправа Прилеп.


semm
Farma Dolneni
Penata
Vivafarm