ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

МЕМОРАНДУМ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ упати MAAK до О.К./ограноци во Општина Прилеп

597

Меморандум на обединување упати МААК ОК Прилеп до ОК ограноците во Прилеп. „Обединувањето нека започне од Прилеп, па да се прошири низ цела Македонија“ повикуваат од огранокот Македонска акција – МААК ОК – Прилеп :

„Заеднички настап во поглед на зачувување на националноста, идентитетот, јазикот, историјата, како и давање поддршка на матичните партии за што побрзо изнаоѓање на политичко решение за поништување на Преспанскиот договор и запирање на преговорите за Договорот за добрососедство со Р. Бугарија. Заедничко дејствување за неправедно осудените Уставобранители од 27.април и нивно што поскоро ослободување и овозможување на фер судење. Заедничко излагање на предлози и решенија за спас на економијата во Општина Прилеп, конкретно најзагрозените сектори во малото стопанство, занаетчиството, угостителството и сите останати економско загрозени дејности, како и земјоделието и сточарството, со посебен аспект на тутунопроизводствотото . Заедничко дејствување во справување со вирусот Ковид 19, со давање издржани и ефективни предлози за мерки за спречување и заштита од ширење на истиот, предлагање решенија за подобра организација на самата територија на Општина Прилеп. „ – велат во Меморандум од МААК О.К. Прилеп нагласувајќи дека со овој моеморандум имаат за цел „конечно да дејствуваме заедно, во најбитните сегменти за опстанок на општеството и Р. Македонија, а со истото, да покажеме дека имаме демократска одговорност и заеднички ставови во поглед на овие прашања“ . – пишува во меморандумот

Меморандумот за обединување е доставен до О.К./ограноци на: ВМРО-ДПМНЕ, ЛЕВИЦА3, ИНТЕГРА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА,.РОДИНА, .ПОДЕМ и до ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: