ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Михаела Даноска се подготвува за остварување на олимписка норма

788

Единствената прилепска скијачка, Михаела Даноска, деновиве, активно се подготвува за најголемиот меѓународен настан кој следува за 2 месеци -Зимските Олимписки Игри. Заедно со тимот на новоформираната македонска скијачка федерација Бијатлон под водство на тренерот Ѓоко Диневски, Михаела  се наоѓа на подготовки во Покљука – Словенија од каде ќе отпатува на неколку големи меѓународни натпреварувања. Прв интернационален настап на Даноска е Јуниорскиот куп во тријатлон во Италија.

Но, најголемиот испит за младата скијачка се Балканските трки во нордиско скиење кај Сараево, на Пале, Босна и Херцеговина ( од 26 ти до 30 ти декември), натпревари во сениорска конкуренција, преку кои треба да обезбеди „зелена карта“ за учество на зимската Олимпијада  .

Зимските олимписки игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 г.во Пекинг, Кина.

Претстојниот период за натпреварувачите од белите спортови се пресудни за учество на најголемата спортска манифестација наредната година.

Радио Пела и’ посакува на нашата надежна скијачка Михаела Даноска успех во остварувањето на сонот – да стане олимпијка!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе