ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Одлуката за нови членови на управни одбори и прераспределба на средства од Буџетот од 2021 наиде на бурна дискусја

743

Денеска советниците на Советот  на општина Прилеп во полн состав, ги прифатија предлозите од страна на комисијата за општествени дејности, за членови на Управните и надзорните органи во Јавните комунални претпријатија, во основните и средните училишта, во Градската библиотека “Борка Талески“, Домот за стари лица „Киро Крстески Платник„ и во Детските градинки „Наша Иднина“ .

Но, на дел од одлуките, советникот Иван Јованоски, од советничката група на Левица се спротивстави поради,  како што рече тој  „ сомнеж за непотизам во овие предлози„, нагласувајќи дека некои од предложените членови на управните и надзорните органи на овие локални институции,  се во роднинска врска со советници или со вработени во Општината.

Предлог одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на ЛС за 2021 година исто така наиде на препрека. Раководителот на финасии на ЛС, ги образложи причините за распределбата на средства, а советниците од Левица бараа детално објаснување за секоја ставка . Тој пред советниците образложи дека овие средства се наменети  за исплата на работата на општинската изборна комисија (ОИК) и општинските изборни одбори (ОИО) за локалните избори, што е законска обрска на општината, за трансфер на средства за партии кои добиле советнички места во Советот на Општина Прилеп, (која изнесува 15 ден. од глас), за субвенционирање на ЈП за ПУП, во чија дејност функционира јавниот градски превоз, кој поради намалената функционалност за време на КОВИД 19 се најде во тешка финасиска состојба, средства потребни за огласување, за  пожарникарите, за мазут и огрев за општинската зграда, зградата  на даночното одделение и Дневниот Центар за деца со церебрална парализа…. средства, во висина од 7 милиони и 400  илијади денари.

Што се однесува до предлог –  одлуката за проширување на Буџетот за 2021 година, која беше поставена како друга точка пред советниците, Драги Звездакоски, раководителот на секторот за финасии при ЛС, образложи дека тоа се средства во висина од 218.000 денари, кои се наменети и ќе им бидат доделени на СОУ „Ѓорче Петров“, со цел комплетно да  го реализираат својот проект од „Еразмос +“ програмата.

Советниците на Ливица и овој пат не пропуштија, пред почетокот на седницата,  да  го бараат правото за снимање на седниците и нејзино  јавно пренесување, посочувајќи повторно дека „тоа беше предизборно ветување на власта“, со што 45 минути доцнеше почетокот на одржувањето на 5-та седницата на Советот на Општина Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: