ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Мирчески: Сте се излажале ако мислите дека и годинава ќе го земете тутунот за без пари!

866

Почетокот на тутунскиот откуп не дава знак дека ќе има фер проценка на производството од актуелната реколта и задоволство кај тутунарите. Денеска со соопштение до јавноста се обрати Игор Мирчески, координатор на новоформираните здруженија кој го повика земјоделскиот инспекторат и единствената организација која е законски застапник на интересите на тутунопроизводителите – Сојузот на земјоделски здруженија да излезат на терен и да стават крај, на како што се вели, грабежот на тутунарите.

„Кратко и јасно откупот е катастрофа. Ако мислите дека и оваа година ќе го земете тутунот без пари, веднаш да ви кажам сте се излажале. Сакам да им појаснам на тутунопроизводителите дека новите здруженија не учествуваат во сојузот на Менде Стомнароски кој го има добиено овластувањето од МЗШВ па оттука немаме никакви можности да бидеме рамноправен партнер во договарањето со откупувачите . Сојузот е тој што ги користи нашите пари и има можност да реагира на овој катастрофален почеток. Затоа го повикувам господинот Менде Стомнароски да излезе и да не се крие бидејќи се пофали дека донесол историски правилник и во интерес на тутунарите да објасни како се откупува тутунот и која просечна цена се постигнува. Исто така додека политичките партии се занимаваат со мнозинства, влади, конгреси, распределба на министерства,кадровски решенија, народот тоне во сиромаштија,безпарица препуштени сами на себе. Сета оваа рашомонијада ја користат откупните претпријатија и не дерат. Затоа јавно го повикувам и земјоделскиот инспекторат ПОД ИТНО да излезе на терен за да стави крај на овој грабеж и да не дозволи квалитетна реколта да се откупи по цена на ѓубре. Во спротивно излегуваме со масовни протести и блокади. Доста лаевме на фејзбук ова не се трпи, се вели во соопштението на Игор Мирчески, координатор на новоформираните здруженија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе