ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Мирчески: Владата да ги решава реалните проблеми, тутунскиот откуп е доволно да се пролонгира за 1 недела, а не цел месец!

927

Пред крајот на откупот на тутунот, 28 февруари според законот, откупени се 24 милиони и 800 кгр тутун по просечна цена од 164 денари за кгр. Во собраниска процедура се измените на Законот за тутун, според кои, по предлог на министерството, откупот би се пролонгирал до крајот на март. Од тутунските здруженија кои произлегоа од Иницијативниот одбор, бараат да не се пролонгира откупот на тутунот за 1 месец, како што беше најавено, туку за пократок рок од  1 работна недела . На тој начин ќе се одолговлечи и исплатата на субвенциите, а на терен има неполни 2 мил. кгр тутун. Воедно, тутунарите упатија апел до откупувачите и ресорното министерство да им се обезбеди амбалажа на тутунарите за да можат да го предадат вишокот тутун.

Државата спрема пролонгирање на откупот на 1 месец. Доколку тоа не се усвои, ние во понеделник ќе имаме завршен откуп, а не започнат откуп од продолжетокот. Апелираме до Владата, до сите министерства, до сите институции, инспекторатот, да најдат начин и форма, во најкус можен рок да ги откупат овие преостанати не повеќе од 2 милиони кгр. Да не го продолжуваат рокот без потреба да откупуваме цел месец, бидејќи имаат можност, ако сакаат тоа да го сторат за една работна недела. На терен ситуацијата е катастрофална. Сите комбинати откупуваат само горни берби од 4 та и 5 та берба, луѓето веќе си ги враќаат долните берби.Амбалажа не е поделена, луѓето нема во што да го спакуваат тутунот. Дворовите и амбарите се полни со тутун, луѓето имаат мака. Апелираме до Владата до премиерот, да не не’ замајаваат со бегството на еден бегалец 5 дена, да се навратат на реалните проблеми што ни се случуваат во државата, да не дојди луѓето да започнат нова реколта, а сеуште не е завршена од претходната година, вели Игор Мирчески, координатор на тутунските здруженија кои произлегоа од ИО на незадоволните тутунари.

Пролонгирањето од цел месец, ќе создаде дополнителни проблеми, како што исплатата на субвенции, велат тутунарите, но и ќе останат нерешени прашањата околу цените во новите договори за претстојната реколта. На терен велат има уцени при предавањето на тутунот, земјоделците биле условувани да го предаваат производството само од горните берби, доколку сакаат да направат нови договори.

– Во долненско е катастрофа откупот, на луѓето по дворовите им стои тутунот, а од сите претпријатија, откупните пунктови се повлекуваат. Луѓето ќе бидат приморани да патуваат со километри, меѓутоа ќе носат по 100 пакети, а дома ќе вратат 90 пакети. Ќе се откупува само 4 и 5 рака. Бараме овој вишок тутун да се цени реално и не по шифри, последниве неколку денови се’ откупува само во 4 та класа. Ќе остане тутун кој што никој нема да го презема, а тој се сработил и си има соодветна класа, вели Мирчески.

Тутунарите бараат да не се потпишуваат нови договори затоа што треба да се направат измени во Правилникот кои што би биле во прилог на производителите за цената и класите. Инаку, Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари, кој што беше активен како неформална иницијатива, се трансформира во повеќе нови здруженија во државата и се приклучи кон стариот Сојуз на тутунски здруженија кој што беше повеќе децении претставник на производителите на тутун во Македонија. На таков начин, велат од таму ќе може организирано да дејствуваат за подобрување на положбата на дирекните тутунопроизводители во земјава.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе