ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

МТФ „Војдан Чернодрински“ влегува во својата завршница

492

Во рамките на 53. издание на Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” синоќа на петтиот ден, на сцената на Прилепскиот театар беа изведени две претстави “Дони Дарк” на Театар Комедија и “Жените” на Албанскиот театар-Скопје.
Романтичната комедијата “Дони Дарк” во режија на Роберт Ристов, а според мотивите на Леонард Керш е претстава која говори за потребата за социјализација на еден млад слеп човек и моментот кога е веќе зрел и сака да се осамостои.
Тука е неговата мајка, која смета дека го заштитува својот син, но истовремено му прави контрауслуга со нејзината посесивност…
Претставата “Жените” на Албанскиот театар во режија на Ќерим Ријани, а според делото на Роберт Томас исто така е во конкуренција за наградата најдобра претстава во целост.
Вечерва на програмата се двете претстави во официјалната конкуренција и тоа: „Тоалет за дами“ според делото на Родолфо Сантана, во режија на Деан Дамјановски од велешкиот театар што ќе се прикажува на сцената на театарот Војдан Чернодрински од 19 и 30 мин и претставата „Лет над кукавичјото гнездо“ од Драмскиот театар Скопје, во режија на Ристо Алексовски на сцената на Центарот за култура Марко Цепенков со почеток во 22 часот. Во рамките на придружната програма денеска се одржува промоција на театарска литература во фоајето на Центарот за култура Марко Цепенков.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе