ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

МВР АПЕЛИРА: Внимателно со социјалните мрежи

714

Министерството за внатрешни работи, денеска издаде предупредување до граѓаните и апелира особено до родителите да обрнат внимание како нивните деца ги користат социјалните мрежи. Апелот доаѓа откако во Русија и во Израел се појавил предизвик на самоповредување.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица.МВР апелира до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи.Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања.“, се вели во соопштението на МВР.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: