ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На плоштад, заедничко следење на натпреварот Македонија-Португалија

333

По примерот на Куманово, каде попладнево Градоначалник и Совет на Општина Куманово ги  покануваат љубителите на фудбалот утре во 20:30 часот на градскиот плоштад на видео-бим заеднички да го проследат  натпреварот со Португалија „и, да навиваме ЗА НАША МАКЕДОНИЈА!“ , се вели во повикот, Прилеп исто така, само по неколку часа подоцна,  објави дека ќе организира заедничко следење на фудбалскиот натпревар Македонија-Португалија!

https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/videos/351601016744791

 

„Ги покануваме сите граѓани да ни се придружат утре, 29.3.2022, на Плоштадот ,,Александрија’’ пред Камената бина во 20:30 часот заедно да навиваме за Македонија за историски пласман на Светското првенство во Катар!„- се вели во повикот на Општина Прилеп, објавено на општинската социјална мрежа.
Утре (29.03), на Градскиот плоштад и  охриѓани рано утрово најавија за  можност заеднички да го проследат фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Португалија.  Организатор е Општина Охрид. „Натпреварот започнува во 20:45 часот. Ве поканувам сите заедно од Градскиот плоштад да испратиме поддршка до нашата репрезентација“,  напиша градоначалникот Пецаков и општината ја објави  оваа фотографија во повикот.
По примерот, на останатите градови ,доцна попладне тргна и Прилеп, што говори дека добор е да се следат позитивните примери и уште подобро  заеднички да се навива за македонската репрезентација

Инаку, Македонската репрезентација утре го игра финалниот дуел од баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Мечот против Португалија го играме на стадионот во Порто, популарниот Драгао со почеток од 20:45, а според последните информации кои доаѓаат од таму, на натпреварот ќе бидат присутни околу 2000 наши навивачи.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: