ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Над 70 натпреварувачи на предновогодишен меѓуклубски турнир во џудо

958

Џудо клубот „Сеишин- Прилеп“ денеска организираше предновогодишен меѓуклубски турнир во џудо. Во спортската сала на ООУ „Кочо Рацин“се натпреваруваа околу 70 џудисти  од трите џудо клубови „Сеишен“,„Санкаку“ и Џудо Клубот „Прилеп.

На меѓуклубски турнир во џудо, натпреварувачите се натпреваруваа во три категории:  категориите почетници, помали пионери и пионери, во машка и женска конкуренција.

На турнирот беа доделени дипломи за најдобрите, како и благодарници за поддржувачите на џудото . „За посебен придонес во развојот и популаризацијата на џудо спортот“ благодарница му беше доделена и на првиот човек на градот , градоначалникот Борче Јовчески.

„За посебен придонес во развојот и популаризацијата на џудо спортот“,  и за негова афирмиција и промоција,  благодарница доби и нашиот медиум, Радио Пела, која активно инфомира за активностите на џудо клубовите во Прилеп , со посебен акцент на  џудо клубот „Сеишен“ , која благодарница лично ја добивме од ветеранот на овој клуб, Киро Здравески.

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе