ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп подготвен за „Прочка 2020“

774

Во Прилеп се е подготвено за 19-ти по ред Меѓународен Карневал „Прочка 2020 “ кој што ќе започна од петок ,28 февруари , до недела, 1 март годинава, кога е главнот карневалски ден .

Сместувачките капацитети во градот се веќе резервирани и исполнети, така што за странските учесници од Грција и од Бугарија се бара место повеќе. Манифестацијата ќе ја задржи традиционалната маска, но се разбира ќе продифилирааа и современи маски .

Организаторите ,  Општина Прилеп и Здружението  „Прилепски мечкари“, очекуваат присуствуваат на над илјада учесници, на двата карневалски денови.

 

– Општина Прилеп е комплетно подготвена за манифестацијата. Учесниците кои ќе пристигнат се во голем број и тоа од Европската федерација на карневалски градови, од Германија, Украина, од балканските земји Србија, Бугарија се очекуваат околу илјада учесници на двата карневалски денови , потенцираше градоначалникот Илија Јованоски.

Пораката и поуката е да се зачува традицијата преку креативноста за создавање на маски ќе преовладува и годинава. Во 15 ти маски кои ќе учествуваат на детскиот карневал се со вклупно 565 деца од основните училишта,градинкитеи од ООУ „Никола Карев„ од Крушево .

„Маските го следат духот на традицијата, што е една поука за тоа, децата да се вратат кон своите корени“-  потенцираше Каролина Николоска од локалната самоуправа Прилеп.

В недела, на 1 ви март, ќе се претстават карневалски групи,а  за прв пат доаѓаа маскирани групи од  Германија и Холандија. На карневалот  ќе учествуваат и претставници од речиси сите балкански земји,  рече Ванчо Георгиев од здружението „Прилепски мечкари“,„бидејќи и ние сме учествувале на наивните фесивали ,каде маската „Прилепски мечкари„ е една од најприватените„-истакан тој.

Инаку, со карневалските настани,  по традиција ќе се започне со изложбата на рачно изработени традиционални маски од ученици од средните и основните училишта . Свеченото отворање и доделување на наградите ќе биде во фоајето на Центарот за култура Марко Цепенков во Прилеп, в петок на 28 ми февруари.
Карневалските лудории започнуваат со детскиот карневал в сабота на 29 февруари. Дефилето на учесниците до 14 години ќе се одржи на Плоштадот „Медотија Андонов Ченто„ со почеток во 12 часот.
В недела е централниот настан – традиционалното дефиле под маски од Меѓународниот карневал „Прочка 2020„ . Учесниците стартуваат од платото пред Центарот за култура Марко Цепенков, а поединечните и групни, традиционални и современи маски ќе се претставуваат во центарот на Прилеп, на улицата „Гоце Делчев“, со организирана програма.  Дефилето започнува во 13 часот, а вечерта од 21 часот ќе се одржи забава под маски и ќе бидат доделени наградите за најдобри маски,  во салата за свечености на ресторанот  „Ла Каса Гранде„
Но, програмата за Меѓународниот карневал Прочка не завршува тука, зашто и годинава здружението „Прилепски мечкари„ организира трационален заеднички посен ручек, в понеделник на 2- ри март,  во Манастарот „Св. Ѓорѓија“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: