ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Награда од Стопанска комора на Македонија за „ВЕЗЕШАРИ“, еден од најголемите инвеститори во прилепско

698

По повод 99 годишното успешно постоење на Стопанската комора на Македонија, беа доделени традиционалните награди и други признанија за 2020 година за компании членки на Комората. Меѓу 10 те наградени за нивната успешна работа, иновативност, поддршка на работата на комората, покрај прилепската гордост „КОМФИ АНГЕЛ“ ДОО Прилеп, доби и компанијата која што претставува еден од најголемите инвеститори во Пелагонија – „ВЕЗЕШАРИ“ .

Признанието доаѓа во рацете на  еден од сопствениците Арбен Абдурахмани, во време кога на тромеѓето од трите општини Прилеп, Кривогаштани и Долнени се реализира можеби најголемата инвестиција во агро секторот во регионот.

Станува збор за проектот Голд Ленд – изградба на центар за откуп и складирање на зрнести култури. Оваа македонско германска инвестиција тежи 4 милиони и 500 илјади евра од кои милион и 500 се преку ИПАРД програмата од Европската унија.

Инвестицискиот објект што се гради ќе поседува најсовремена технологија за производство на земјоделски производи, одгледување на крупниот добиток и преработка на месо. Инвестицијата не е насочена само кон задоволување на потребите на компанијата, туку е предвидено да прерасне во регионален центар, со што ќе се овозможи  загарантиран пласман на земјоделците од регионот.  

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: