ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Награда од Стопанската комора за „Комфи Ангел„- за ефикасно прилагодување на производството во време на пандемија

1.270

По повод одбележувањето на 99-годишнината од Стопанската комора на Македонија, традиционално беа доделени награди и други признанија за 2020 година, на успешни компании во Македонија. Во 10 наградени компании се најде и прилепската текстилна компанија КОМФИ АНГЕЛ“ ДОО Прилеп, награда и признаније за ефикасно прилагодување на производството во време на пандемија. Наградата со голем пиетет, ја прими, лично, менаџерот на компанијата, Ирена Јакимовска

Покрај редовното производство на јоргани, перници, заштитници за душеци, како и разни видови постелнина, во време на пандемијата, компанијата Комфи Ангел се преструктуира и го збогати асортиманот со производство и на заштитни маски, поради потребата на домашниот и меѓународниот пазар. На почетокот, маските се произведуваа рачно, а сега , компанијата, веќе, професионално, набави две машини за производство на медицински заштитни маски, со вкупен капацитет од 60 000 парчиња во една смена. Голем дел од маските, како и средствата од продажба на истите, беа донирани за потребите на заедницата.

„Горди сме што сме јавно афирмирани како општествено одговорна компанија, а грижата за општеството продолжува да се надградува во секојдневното работење.„- рече, меѓудругото, при подигањето на наградата, Ирена Јакимовска, менаџерот на компанијата “Комфи Ангел„

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: