ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Најдобрата терапија за човештвото е уметноста – втор ден МТФ „Војдан Чернодрински“

616

Најдобрата терапија за човештвото е токму уметноста, порача министерката за култура Ирена Стефоска која од сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ го прогласи за отворен јубилејниот, 55-ти Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. 

Според Стефоска, иако маските сега се во публиката, улогите не се променети, зашто желбата и потребата да се негува духот, да се осмислува стварноста низ уметност, одново го придвижуваат светот.

На свеченото отворање беа врачени наградите за животно дело на годинашниве добитници: актерите Борис Чоревски и Емил Рубен и на сценографот Крсте С. Џидров.

За добитниците посебна е честа што ги добиваат наградите токму на јубилејното 55-то издание на Фестивалот на кој со децении се присутни во бројни претстави.

Наградите ги врачи прилепскиот градоначалник Илија Јованоски истакнувајќи го задоволството што театарските сцени повторно се отворија, а публиката, иако според протоколите во помал број, сепак ќе го има целонеделниот празник на театарот.

Актерите од Македонскиот народен театар од Скопје ја изведоа првата претстава во конкуренцијата за награди. Публиката ја виде претставата „Мој термин“ по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов.

Во официјалната програма на Фестивалот кој ќе трае до 8 октомври се 13 претстави на професионалните театри во земјава. Денеска на репертоарот се две претстави. Од 18 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков е претставата „Вечера за глупаци“ од Францис Вебер во режија на Ирена Стеријовска, а во продукција на театар „Комедија“ од Скопје, а од 21 часот на матиччната сцена, прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја изведе „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа во режија на Бранко Брезовец.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе