ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Наскоро боксерска ревија во Прилеп (видео – промо)

Радио Пела медиумски покровител на боксерскиот спектакл

561

 

https://youtu.be/P7-MW06kTGc

Радио Пела е медиумски покровител на боксерски спектакл кој што наредната недела ќе се одржи во Прилеп. Веќе се е подготвено за „Професионалната боксерска ноќ“ на која што ќе настапат натпреварувачи од неколку земји.
На Градскиот базен “Маркови Кули – Прилеп на 22 јуни со почеток во 19:30 часот во организација на Про бокс Македонија ќе се одржи професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во светската професионална боксерска ранг листа. Од нашата држава во лесно тешка категорија ќе настапи боксерот Ице Трајкоски со скор 1-1-0 против боксерот Енсар Осман од Бугарија.
-После долга пауза со нашиот тим ќе организираме боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг, мерење и соочување на боксерите на градскиот плоштад во Прилеп во летната бавча на кафе барот Оникс. Боксери ќе има од Македонија ,Србија , Албанија и Бугарија. Ќе има одлични борби , сите боксери ќе се борат за подобрување на рангот во светската ранг листа, вели Дарко Чатлески, претседател на Про бокс Македонија
Публиката ќе ужива во борбите на оваа племенита вештина . Организаторот одлучи доколку има временски неприлики ревијата да се одржи во спортската сала на комплексот ” Маркови Кули” – Прилеп.

РЕПОРТЕР: Никола Димески

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: