ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Отворен ден на СОУ „Орде Чопела“ Прилеп (ГАЛЕРИЈА)

1.599

СОУ Орде Чопела – Прилеп денеска со почеток во 11

часот во центарот на градот, на плоштадот Методија Андонов Ченто одржа отворен ден за промоција на профилите и струките кои ги нуди училиштето. Настанот беше одличен повод за родителите и учениците кои го заокружиле првиот степен од образованието и треба да продолжат во некое од средните училишта да се запознаат со можностите за теоретска и практична настава кои ги нуди СОУ Орде Чопела – Прилеп.

 

Проследете го разговорот што Елизабета Филипоска го водеше со директорката Анета Пејоска и професорката Билјана Апостолоска.

https://www.facebook.com/radiopela/videos/493866041356822/

Во одлуката кое училиште да се одбере што ќе помогне при изборот и на професијата, СОУ Орде Чопела Прилеп ги претставија хемиско технолошката струка за работа со храна, или пак новиот профил – техничар за заштита на животна средина.
– Во СОУ Орде Чопела-Прилеп се нудат можности за техничар за очна оптика или, пак, геодетски техничар, во рамките на градежно геодетската струка.
– И годинава на располагање е земјоделско ветеринарната струка со неколку интересни профили.
Науката е секаде околу нас од храна до рециклирање, а ученикот е во центарот на вниманието во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп

ГАЛЕРИЈА:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: