ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Наумоски: Се знае каде треба да игра Победа,а не на Могила (ВИДЕО + ФОТО)

1.676

Во својата фудбалска кариера , прилепчанецот Јорданчо Наумоски секогаш е наклонет на својот матичен клуб и секогаш за својата Победа и покрај тоа што моментно го носи дресот на кавадаречки Тиквеш. Така беше и за време на разговорот во нашата програма во живо. Наумоски ја даде подршката на црвенобелата армија бидејќи знае дека Победа полека ќе се врати онаму каде и е местото , но тој напомена дека Победа треба да игра на градскиот стадион , а не на стадионот на Могила. Жалосно е вели тој да се “кршат” нозете на овие млади играчи кои сега ги поседува прилепскиот клуб на стадион кој не им прилега на нивната кариера во фудбалот.

СЕГМЕНТ ЗА СЕЌАВАЊЕ ОД ФУДБАЛСКАТА КАРИЕРА НА ЈОРДАНЧО НАУМОСКИ – ОЦКО

Сега, популарниот Оцко е член на Тиквеш од Кавадарци а и со својот клуб ќе разигрува за влез во елитното друштво кај нас. Наумоски вели дека слична е подршката на Лозарите за Тиквеш како и на Мајмуните за Победа , со верба , желба , и страст за своите пулени.

ПРЕКРАСЕН ПОГОДОК НА ЈОРДАНЧО НАУМОСКИ ВО ДРЕСОТ НА ТИКВЕШ

За неговата фудбалска кариера но и за многу фудбалски пикантерии заедно со Јорданчо Наумоски – Оцко , погледнете во разговорот со него во целост подолу во видеото.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе